Македонија

Дарко Костовски до ДУИ: Нема „наши“ и „ваши“ деца

„Бутел не е и нема да биде полигон за етнички политики!“, порача градоначалникот, обвинувајќи ги „интегративците“ дека едно административно и законско прашање се обидуваат да го претворат во етничко

 

Во објава на социјалните мрежи, градоначалникот на Општина Бутел, реагира на, како што наведува, интензивните критики од раководството на ДУИ во последните неколку дена, поврзани со запишувањето ученици во основните училишта во општината.

Дарко Костовски посочува дека, согласно Законот за основното образование и утврдената реонизација, учениците се запишуваат според реонот на основното училиште, но како што вели, од Општина Бутел се бара да постапи спротивнои во училиштата да бидат примени деца од други општини.

„Бутел не е и нема да биде полигон за етнички политики!“, порача Костовски, обвинувајќи ја ДУИ дека едно административно и законско прашање се обидува да го претвори во етничко.

Градоначалникот вели дека особено е неприфатливо, како што наведува, во политичките пресметки да се користат децата и да се создаваат етнички тензии.

Костовски додава дека ги разбира родителите кои сакаат нивните деца да посетуваат квалитетни училишта, но нагласува дека институциите мора да ги почитуваат законските правила еднакво за сите.

„Во Бутел нема ‘наши’ и ‘ваши’ деца. Има деца кои заслужуваат еднаков третман, квалитетно образование и институции што работат според закон и исти правила за сите“, наведува градоначалникот.

Во објавата тој се осврнува и на, како што тврди, интересите на „урбаната мафија“, посочувајќи дека зад политичките поделби гледа и интереси поврзани со градежниот сектор и слободните површини во општината.

Костовски порачува дека Бутел нема да се дели по етнички линии, ниту ќе се развива според нечии бизнис-интереси, туку „по закон и во интерес на сите негови граѓани“.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top