Македонија

Дарувањето органи како надеж за нов живот: Два живота спасени благодарение на хуманоста на едно семејство

Во пресрет на 13 август – Светски ден на органодарителство, се приклучуваме на светската иницијатива за подигнување на свесноста за значењето на дарувањето органи и им се заблагодаруваме на сите семејства кои со својата одлука подариле живот. Бидете дел од промената. Бидете причина за нечиј нов почеток, велат од Министерството за здраство.

Министерството за здравство натаму истакнува: Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот”. Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност. Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток.

Зад секоја трансплантација стои приказна за храброст. Приказна за семејство, кое во моментот на најголема загуба, помислило на некој друг. И приказна за пациенти кои денес дишат, живеат и се враќаат кон своите најблиски благодарение на тој гест. Органодарителството не е само медицински чин, тоа е чин на длабока човечност. Секое „ДА” за донирање е потенцијална втора шанса за некој што чека.

-Секоја трансплантација е доказ дека и во најтешките мигови луѓето наоѓаат сила да мислат на другите. Благодарност до секое семејство што избра да подари живот, потенцира министерот за здравство, Сашо Клековски.

-Зад секојa трансплантација стои тим, но пред сè стои една хумана одлука. Таа одлука е она што го прави можно чудото на новиот живот, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.


Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

To top