Македонија

Деветта жртва на западно-нилската треска

Во моментов 11 пациенти се на Инфективна, од кои едно лице е во потешка состојба. Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември

Шеесет и шестгодишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска треска,

Директорот Фадил Цана објави дека пациентот бил со коморбидитети, односно имал и други болести. Директорот Цана изјави дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника и бил со потешка клиничка слика.

Цана информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е во потешка состојба. Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, односно овој викенд.

Последниот е деветти смртен случај на западнонилска треска во државава, а сите починати досега се мажи. На подрачјето на делови од Скопје и натаму е состојба на епидемија од вирусот кој го пренесува тигрестиот комарец.

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот на средба во ПИОМ: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.

To top