Македонија

Дедо Мраз пристигна и во полицијата

Новогодишна дружба и пакетчиња за дечињата на вработените во Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата

Денеска, во просториите на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, беше организирана новогодишна дружба за дечињата на вработените во оваа организациска единица на Министерството за внатрешни работи. По тој повод, Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња и внесе празнична атмосфера исполнета со радост и насмевки.

Дедо Мраз пристигна на несекојдневен и симболичен начин – со сообраќајно полициско возило, што дополнително го привлече вниманието и воодушевувањето кај најмладите. Дечињата уживаа во заедничката дружба, фотографирањето и празничното расположение, кое продолжи и во просториите на Секторот.

Покрај новогодишните подароци и најдобрите желби за здравје и среќа, Дедо Мраз им упати и пригодни пораки до дечињата, потсетувајќи ги на значењето на почитувањето на сообраќајните правила и одговорното однесување во сообраќајот, со цел сите да бидеме безбедни учесници на патиштата.

Со ваквите активности, Министерството за внатрешни работи ја негува грижата за вработените и нивните семејства, притоа испраќајќи силна порака за важноста на сообраќајната култура и безбедноста од најрана возраст.

novogodisna-druzba-i-paketcinja-od-dedo-mraz-za-decinjata-na-vrabotenite-vo-mobilnata-edinica-za-bezbednost-vo-soobrakjajot-na-patistata-image-KW9G.jpg
novogodisna-druzba-i-paketcinja-od-dedo-mraz-za-decinjata-na-vrabotenite-vo-mobilnata-edinica-za-bezbednost-vo-soobrakjajot-na-patistata-image-Becu.jpg
novogodisna-druzba-i-paketcinja-od-dedo-mraz-za-decinjata-na-vrabotenite-vo-mobilnata-edinica-za-bezbednost-vo-soobrakjajot-na-patistata-image-Gp2g.jpg
novogodisna-druzba-i-paketcinja-od-dedo-mraz-za-decinjata-na-vrabotenite-vo-mobilnata-edinica-za-bezbednost-vo-soobrakjajot-na-patistata-image-YHEU.jpg
novogodisna-druzba-i-paketcinja-od-dedo-mraz-za-decinjata-na-vrabotenite-vo-mobilnata-edinica-za-bezbednost-vo-soobrakjajot-na-patistata-image-0QgT.jpg
novogodisna-druzba-i-paketcinja-od-dedo-mraz-za-decinjata-na-vrabotenite-vo-mobilnata-edinica-za-bezbednost-vo-soobrakjajot-na-patistata-image-xSmq.jpg
novogodisna-druzba-i-paketcinja-od-dedo-mraz-za-decinjata-na-vrabotenite-vo-mobilnata-edinica-za-bezbednost-vo-soobrakjajot-na-patistata-image-Bd9G.jpg
novogodisna-druzba-i-paketcinja-od-dedo-mraz-za-decinjata-na-vrabotenite-vo-mobilnata-edinica-za-bezbednost-vo-soobrakjajot-na-patistata-image-zF2A.jpg
novogodisna-druzba-i-paketcinja-od-dedo-mraz-za-decinjata-na-vrabotenite-vo-mobilnata-edinica-za-bezbednost-vo-soobrakjajot-na-patistata-image-DpLx.jpg
novogodisna-druzba-i-paketcinja-od-dedo-mraz-za-decinjata-na-vrabotenite-vo-mobilnata-edinica-za-bezbednost-vo-soobrakjajot-na-patistata-image-MXAV.jpg

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top