Македонија

Дејан и Билјана добија син, најсреќен е легендарниот Пепи Манасков

Огромна радост за нив, нивните фамилии и блиските

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец кој е играч на битолски Пелистер Еурофарм вчера ја добил најрадосната вест во животот.

Дејан Манасков кој неодамна се ожени за својата долгогодишната девојка Билјана Стојановска, вчера добил син.

Билјана која работи во маркетинг сектор на Канал 5 телевизија на свет донесла здраво машко дете кое причинило огромна радост за нив и нивните фамилии и блиски.

Меѓу најсреќните е дедото Пепи Манасков прославениот екс репрезентативец кој по синот наследник Дејан може да добие и внук ракометар.

На прославата по повод раѓањето на наследникот на Дејан и Билјана се очекуваат ракометарот Гоце Ојлески кој е кум на Манаскови, и други блиски луѓе како Филип Кузмановски, Столе Стоилов…

Не е познато дали на забавата за микрофонот ќе се фати и пејачката Тамара Тодевска, на која Дејан Манасков и е кум а која пееше на свадбата на Дејан и Билјана.

Најнови вести од: Македонија

Грчкиот премиер Мицотакис би можел да ја посети Македонија во наредниот период

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во следниот период би можел да ја посети Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на информации од дипломатски и политички кругови во Атина.

Дурмиши: Се чека став на работодавачите и на синдикатите за минималната плата и потрошувачката кошничка

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, го повтори ставот дека Владата ќе го поддржи секое решение што ќе го договорат работодавачите и синдикатите

To top