Македонија

Делото на светскиот македонист Збигнев Голомб ги урива грчките и сите други негирања на постоењето на македонскиот идентитет и јазик во Балканот и Европа

Денес се навршуваат 32 години од смртта на Збигнев Голомб, големиот пријател на Македонија и научник, за кого Виктор Фридман, неговиот студент и сегашен професор на Универзитетот во Чикаго, ќе каже: „Тој беше еден од најголемите светски експерти за македонскиот  јазик.“ Севкупните научни истражувања и научното дело на Голомб претставуваат не само исклучително значајна меѓународна афирмација на постоењето на македонската етничка, јазична и идентитетска засебност во Балканот и Европа, туку и жестока негација на сите шовинистички напади врз македонскиот народ со неговиот македонски јазик и идентитет и култура. Во оваа смисла делото на Голомб е најдобар одговор на негаторските истапи изминативе денови на грчкиот пратеник Андреас Ворилас од партијата „Ники“, кој предизвика остри реакции по неговите оспорувања на македонскиот идентитет и јазик во грчкиот парламент. Во 1958 година Голомб со својата докторска дисертација „Два македонски говора – Сухо и Висока во Солунско“ ги довршил дијалектните испитувања на полскиот македонист Мјечислав Малецки од 1934 година на територијата на етничка Македонија, во Солун, пред сѐ. во околните солунски и села Сухо и Висока, Со таа докторска дисертација Голомб и Малецки пред очите на најшироката американска, европска и севкупна светска научна и политичка јавност го изнесоа постоењето на Македонците со нивниот македонски идентитет и јазик во тој централен дел на Егејска Македонија, денес во Грција, и тоа 68, односно 92 години пред да ги изнесе и Ворилас своите антимакедонски  и негаторски ставови.

Пишува: Свето Тоевски

„Македонците треба да бидат горди, поради тоа што во нивната земја се родила и цутела првата црковнословенска литературна традиција (или култура), која станала основа за сите останати словенски литератури.“ – има кажано своевремено полскиот лингвист и македонист Голомб. Овој негов познат цитат се однесува на огромното значење на македонскиот јазик во контекст на севкупната словенската писменост. Голомб често нагласувал дека македонскиот јазик е клучот за разбирање на старословенскиот јазик, бидејќи токму солунскиот говор на македонските Словени бил земен како основа за првиот писмен словенски јазик. Но, денес седум децении по Голомб грчкиот пратеник Андреас Ворилас се обидува да го негира самото постоење на македонскиот народ и идентитет, но и македонскиот јазик, и во Грција и воопшто во Балканот.

Тој оди чекор понатаму и упатува барање до грчката влада за официјална реакција и против активностите на Македонците во Германија, тврдејќи дека тие „претставуваат лажномакедонски идентитет“. Едновремено, Ворилас побара забрана за користење на античките македонски симболи, пред сѐ, на Сонцето од Кутлеш, од страна на македонската дијаспора, тврдејќи дека е тоа „ексклузивно грчко наследство“.

Сите овие ставови на Андреас Ворилас се дел од ставовите на широкиот политички спектар на партии, политичари и државни функционери во Грција, кои речиси сите до еден ги оспоруваат македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик и национални симболи. 

Грците со фалсификати се обидуваат да го „докажат“  (не)постоењето на Македонците, а Голомб со научни аргументи им ја оспорува грчкоста на  идентитетот на Грците! 

Потпирајќи се врз резултатите од истражувањата на Збигњев Голомб, професорката д-р Елка Јачева – Улчар од Институтот за македонски јазик открива зошто кај Грците постои паничен страв од Македонците.Таа го цитира Голомб, кој го открива одговорот за стравот на Грците и за проблемот со нивниот грчки идентитет. Современите  Грци биолошки се многу поблиску до Словените, одошто до старите Грци. Денешните Грци се само хеленизирани Словени, кои се хеленизирале со примањето на христијанството!” – аргументира  Збигњев Голомб во своето дело „Јазикот на првите Словени во Грција: 7 и 8 век“ („The language of the first Slavs in Greece: VII-VIII centuries“), објавено од МАНУ во 1989 година. Значи, Грците денес негираат дека воопшто не постојат Македонци со нивен јазик и идентитет, но, од друга страна, овој полски и светски лингвист со аргументи своевремено им го негирал постоењето на нивниот грчки идентитет , означувајќи ги како „Словени кои се погрчиле“! 

Животниот пат и научната кариера на Збигнев Голомб

Збигњев Голомб (Нови Тарг, Полска, 19 март 1923 – Чикаго, 24 март 1994 ) е полски и американски лингвист, индоевропеист, балканист, славист-македонист. Бил член на МАНУ надвор од работниот состав од 1972 година. За македонскиот јазик Голомб се заинтересирал уште за време на студиите, слушајќи ги предавањата на Мјечислав Малецки. Професорот Малецки во 30-тите години од минатиот век  неколкупати вршел дијалектни испитувања на територијата на етничка Македонија, во Солун (во селата Сухо, Висока, Боливец, Илинец, Негован и Ајватово) и во Костур. Резултатите од испитувањата  ги објавувал во краковското списание „Словенски народи“, каде што ги објавил и двете книги „Два македонски говора: Сухо и Висока во Солунско. 1. Текстови“ (1934 година) и „Речник. 2“ (1936 година). Малецки имал намера да напише целосна монографија за солунските дијалекти. Го спречила прераната смрт. Неговото дело било продолжено од Голомб, кој во 1958 година во Јагелонскиот универзитет ја одбранил докторската дисертација под истиот наслов. Целиот текст во превод на македонски јазик како „Два македонски говора – Сухо и Висока во Солунско“ е објавен во списанието „Македонски јазик“.

Почетокот на лингвистичките и дијалектолошки теренски истражувања на Голомб во Македонија – почеток и на неговата приврзаност со неа, со македонскиот народ и јазик

Во 1958 година Голомб за првпат доаѓа на научно стажирање во Македонија, Од тоа време започнува неговото пријателство со негови колеги-македонисти од  Македонија, но и неговата приврзаност кон Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик до крајот на животот. Неговиот прв престој во Македонија во 1958 година значел и негов прв контакт со македонскиот јазик во живо на терен. Подоцна доаѓал уште трипати во Македонија на подолг период: во 1960, 1968 и 1970 година. Се движел во многу делови на Македонија пеш, ширум и вдолж. Вршел лингвистички и дијалектолошки истражувања во Македонија и учествувал на македонистички научни собири. Голомб бил бил близок соработник на Блаже Конески и Божидар Видоески. Бил ментор на првата докторска дисертација од македонистиката во САД, одбранета од Виктор Фридман. Виктор Фридман е денес исто така македонист со светски углед. 

Придонесот на Голомб за проучувањето на македонскиот јазик е непроценлив. Неговото истражување се засновува врз два аспекта: пооддделно јужномакедонските дијалекти, во Егејскиот дел на Македонија, и македонскиот литературен јазик како целина. Научните достигнувања на Збигнев Голомб се изложени во околу стотина научни трудови, од кои 20 се објавени во македонските периодични научни списанија „Македонски јазик“ и „Прилози“ на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ. Има објавено монографија за ароманскиот дијалект во Крушево во 1984 година.Неговата последно научно дело е книгата со наслов „Потеклото на Словените: лингвистички поглед“, објавена во 1992 година.

„Нова Македонија“

Најнови вести од: Македонија

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за бомбата во Бардовци: Не е фрлена во домот на полицаецот, СДС нема докази, само шпекулации

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во врска со инцидентот со експлозивна направа во Бардовци. Од владејачката партија велат дека СДСМ изнел неточни тврдења и шпекулации, посочувајќи дека Министерството за внатрешни работи веќе го објавило инцидентот во својот билтен.

Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и Студеничани

До 13 часот денес, на 18 август 2026 година регистрирани 12 пожари на отворено во Македонија, од кои пет се активни, еден под контрола, а шест се изгаснати. Во овој момент активен е пожарот, кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниту едно село, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов давајќи пладневен преглед за состојбата со пожарите во државата.

Мицкоски: Армијата на Република Македонија е повеќе од униформа, таа е симбол на чест, одговорност и посветеност!

„Честит 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија! Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините граѓани и мирот.“ – објави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на својот официјален фејсбук-профил.

Четврти пациент (76) починат од западнонилска треска по 27 дена лекување на Инфективна клиника

Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Болнички згрижени се 20 пациенти со западнонилска треска, од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како сомнителни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето според сите клинички протоколи, изјави денеска директорот на Клиниката Фадил Цана.

Сиљановска-Давкова: Македонската Aрмија е чинител на стабилност, безбедност и доверба

Македонската Aрмија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна доверливост и висока интероперабилност со сојузничките сили, порача претседателката на Република Македонија и врховен командант Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на македонската Армија во Охрид.

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии

Очекуваме систем на гаранции од европските институции и решение што ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитетот, јазик, култура и историја, рече шефот на македонската дипломатија

Најнови вести

To top