Хроника

Д.Г. (47) од Шуто Оризари уапсен, оти турнал скала на која стоел вработен во ЕВН и со тврд предмет нападнал втор!

Полицијата на 17.08.2026 околу 10 часот на подрачјето на Шуто Оризари го лишила од слобода Д.Г.(47) од Скопје.

Во полиција било пријавено дека скопјанецот турнал скала на која бил еден вработен на ЕВН Македонија, а потоа физички и со тврд предмет нападнал друг вработен во ЕВН додека извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top