Македонија

Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и Студеничани

До 13 часот денес, на 18 август 2026 година регистрирани 12 пожари на отворено во Македонија, од кои пет се активни, еден под контрола, а шест се изгаснати. Во овој момент активен е пожарот, кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниту едно село, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов давајќи пладневен преглед за состојбата со пожарите во државата.

Карактеристично за сите пожари, посочи Ангелов, е тоа што никаде не гори квалитетна борова шума или друг тип шума. „Во овој момент нема загрозени села. Депонијата во Кратово е целосно затрупана и не претставува опасност за загадување на воздухот. Во текот на вчерашниот ден имавме 29 пожари на отворен простор. Благодарение на брзата реакција, а понекогаш и повеќечасовната борба на пожарникарите со пожарите 23 од нив беа изгаснати во текот на вечрашниот ден и во ноќните часови, додека шест се активни ова утро“, рече Ангелов.

Потсети дека синоќа имаше вистинска драма во селото Чаниште оддалечено 30 км од Прилеп. „Огнот навлезе меѓу селските куќи, но според информации кои ги добив додека бев во селото не е изгорена ниту една куќа во која живеат останатите жители во селото. Сите жители на селото ноќта ја поминаа во своите домови. Изгорени се неколку стари и напуштени куќи, можеби некои од нив се користеле за престој на нивните сопственици“, рече Ангелов.

Посочи дека денеска овој пожар ќе го стават под целосна контрола. „Втората ситуација ја имавме синоќа на пожарот на територијата на општина Јегуновце кој навлезе во атарот на селото Туденце и го загрози блискиот манастир. Упатив неколку тимови на Дирекцијата за заштита и спасување и тоа од доброволци од Гостивар, од доброволното друштво „Чаир“ од Скопје и едно друштво од Тетово“, истакна Ангелов и воедно апелираше до граѓаните да бидат исклучително внимателни бидејќи е доволна само искра за вистина катастрофа.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top