Македонија

Делови од Скопје денеска без електрична енергија

Планирани прекини во Кисела Вода, Ѓорче Петров и Сопиште

Повеќе делови од главниот град денеска ќе имаат привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.

Според известувањето на ЕВН Македонија, кое го пренесува Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), прекините ќе се одвиваат во следните термини:

  • Општина Кисела Вода: Од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Антон Попов“, како и Основното општинско училиште „Кузман Јосифовски-Питу“.
  • Општина Ѓорче Петров: Од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од жителите на улицата „31“ во населбата Волково. Од 10:00 до 14:00 часот прекин ќе имаат дел од корисниците на улицата „81“ и околните улици во Волково. Дополнително, од 09:30 до 14:30 часот прекин е најавен за дел од улиците во околината на Старечкиот дом.
  • Општина Сопиште: Од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат дел од жителите на селото Добри Дол.

Од РЦУК апелираат граѓаните од засегнатите подрачја да ги преземат потребните мерки за да ги минимизираат можните непријатности.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

Во основните училишта во Гази Баба државна химна пред наставата секој понеделник – Стефковски: Македонија е сѐ што имаме!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

To top