Македонија

Демири: Вистинска реформа во ДУИ ќе има само кога ќе заврши култот на „Врховниот лидер“ Али Ахмети, кој стана симбол на застој!

„Наместо да го запре своето паѓање, ДУИ ги менува партнерите како маски на карневал. На парламентарните избори беше со ‘Европскиот фронт’, на овие локални избори со Националната алијанса за интеграција, а утре ќе биде со некој трет, што ќе се согласи ДУИ да го држи покрај себе додека паѓа на удолнината.“ – нагласува во својата објава на фејсбук Муамет Демири од Демократското движење на Изет Меџити, во состав на коалицијата Вреди. Демири е моментно и вршител на должноста директор на Центарот за јавно здравје во Скопје.

ДУИ е во пад не затоа што ѝ недостасува структура, туку затоа што нема храброст за обновување на раководството. ‘Врховниот лидер’ некогаш симбол на ослободувањето, денес е симбол на застој. Нема вистинска реформа без крај на култот на поединецот.“ – истакнува Муамет Демири. Неговата објава на фејсбук ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.

Натаму Демири наведува: ДУИ знае дека е во пад, затоа се скри зад „Европскиот фронт“ на парламентарните избори, а сега на локалните избори се скри и зад Националната алијанса за интеграција  (НАИ). Но, коалициите на стравот не го запираат трендот на паѓањето – тие само го одложуваат соочувањето со реалноста.

Наместо да го запре падот, ДУИ ги менува партнерите како маски на карневал. Денес со НАИ, утре со секој друг, што ќе се согласи ДУИ да го држи покрај себе додека паѓа на удолнината. Всушност, падот на ДУИ не е само прашање на изборните резултати – тоа е резултат на длабока политичка, морална и генерациска криза. – посочува Муамет Демири од Демократското движење, од Вреди.

Најнови вести од: Македонија

Транспаренти и графити низ Чаир заради „политичко мобилизирање“: Време е да ги направиме Албанците повторно господар на куќата!

„Денес во раните утрински часови, на неколку улици во општина Чаир во Скопје се појавија графити и пароли со политичка содржина. На натписите пишуваше: ‘Време е да ги направиме Албанците повторно господар на куќата!“ – оваа вест ја објави денес весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје.

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Откако сме како Влада избрани до сега, ги имаме регулирано односите со нашите колеги во најголем дел. Кога ќе кажам во најголем дел, тоа е 95 па и повеќе проценти, преку колективни договори кои што имаат краен рок на реализирање до 2028 година, изјави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната седница на Економско-социјалниот совет.

Грчкиот премиер Мицотакис би можел да ја посети Македонија во наредниот период

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во следниот период би можел да ја посети Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на информации од дипломатски и политички кругови во Атина.

Дурмиши: Се чека став на работодавачите и на синдикатите за минималната плата и потрошувачката кошничка

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, го повтори ставот дека Владата ќе го поддржи секое решение што ќе го договорат работодавачите и синдикатите

To top