Македонија

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Неопходна потреба од консолидација на земјоделското земјиште, поради глобалните цени на храната кои растат во континуитет. Поскапувањето на енергенсите оди на горе, како резултат на конфликтот на Блискиот Исток, велат од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Според ФАО, нивниот индекс на цените на храната, кој ја следи глобалната трговија со основни прехранбени производи, во март достигна 128,5 поени – што претставува пораст од 2,4% во споредба со ревидираните февруарски податоци. „Почетниот скок на цените беше умерен, бидејќи го поттикнаа поскапувањата на нафтата, додека обилните глобални резерви на житни култури го ублажија ефектот“, објаснува главниот економист на ФАО, Максимо Тореро.

Во таа насока според стопанството и Владата, директрно се вклучени во процесот и актвно ја следат целата ситуација. Консолидација не е само административна постапка, туку инструмент кој суштински го менува начинот на производство и отвора можности за развој на земјоделството, велат од Владата.

Стопанството предупредува дека земјите мора да се подготват за евентуална криза што ќе ги зголеми цените, ќе ја погоди индустријата, но и
ќе ја поскапи храната. Ако конфликтот продолжи, а трошоците за земјоделските материјали останат високи, производителите може да се приморани да користат помалку ѓубрива одреден период.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top