Македонија

Денес ќе се доставува доверливиот материјал за гласањето на локалните избори до општинските изборни комисии и избирачките одбори

Полицијата ќе го обезбедува доверливиот материјал за гласањето до денот на гласање, односно до недела 19 октомври.

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово се очекува да почне доставата и распределувањето на доверливиот материјал до општинските изборни комисии за гласањето на локалните избори 2025 в недела. Доверливиот материјал – гласачките ливчиња и избирачкиот список потоа ќе биде распределен од општинските изборни комисии до избирачките одбори. Доставувањето ќе се врши со постојано и целосно обезбедување од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи. 

Испечатени се онолку ливчиња, колку што има запишани гласачи во Избирачкиот список и тоа за градоначалник и за советници, по 1 832 415, и дополнително за градоначалник на Град Скопје и за советници, каде право на глас имаат вкупно 474.304 избирачи.

Македонска информативна агенција – МИА 

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top