Македонија

Денес низ цела Македонија се прославува Успението на Пресвета Богородица – Голема Богородица, празникот на спасението и вечниот живот

Денешниов празник на Пресвета Богородица Христова, вознесена жива на небото, испраќа порака до луѓето дека смртта е, всушност, чин на животот, оти смрт не постои, туку само вечен живот.

Православните верници денеска, на 28 август, го прославуваат празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица. Според црковното предание, Пресвета Богородица по завршувањето на својот земен живот не останала во гробот, туку со тело и душа била вознесена на небото. Затоа верниците со голема почит и радост го празнуваат овој ден, кој е симбол на надежта за вечен живот.

Пред празникот верниците се подготвуваа со двонеделен Богородичен пост, кој завршува со светата литургија и причестување. Денес црквите и манастирите посветени на Богородица се преполни со народ, кој се собира да искаже благодарност и да побара нејзино молитвено застапништво, закрилништво и благослов. Празникот е и голем соборен ден: на многу места ширум Македонија денеска се одржуваат црковно-народни собири, а Богородичините манастири се меѓу најпосетените светилишта. Во македонската традиција Голема Богородица има посебно значење и се смета како заштитничка на жените, на мајките и на семејниот живот. Многу семејства токму овој празник го чествуваат како своја семејна слава.


Православната Црква го означува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт како „Успение“ – поим, што ги содржи во себе сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Ликот на Богомајката Христова објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и смирение, чистота и убавина, бескрајна љубов кон човечкиот род. Денешниов празник Успение на Пресвета Богородица, вознесена жива на небото, испраќа порака до луѓето дека смртта е всушност чин на животот, оти смрт не постои, туку само вечен живот.

Овој настан – Успение на Пресвета Богородица – кој се случил пред речиси две илјади години, уште еднаш и денес ја пренесува една таквата порака. Православната црква го гледа во Успението на Богородица нејзиниот вечен живот и нејзиното воскресение. „Ние ја гледаме смртта и тоа што се случило за време на таа смрт не како разделба, туку како соединување, не како жалост, туку како радост и конечно, не како смрт, туку како живот. И после Рождеството – Дева и по смртта – жива.“ – се пее во Успенскиот тропар, посветен на Богородица – Дева Марија.

Најнови вести од: Македонија

Банкарската службеничка Б.Б.И. (31) од Тетово примените 39 илјади евра од тетовец наместо на негова сметка си ги ставила во џеп!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И. (31) од Тетово поради сомнение за кривично дело „затајување“. Според информациите на полицијата, пријавената, како вработена во филијала на банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година во службените простории примила 39.000 евра од 59-годишен тетовец, кој сакал парите да ги депонира на својата сметка. Наместо средствата да бидат уплатени во рок од три дена, како што му било кажано, тие не биле префрлени на сметката на оштетениот, туку, според пријавата, биле противправно присвоени.

(Видео): Се одлучивме за намалување на ДДВ, а не на акцизата оти сакавме поробусна интервенција, велат од Владата

Според анализите што ги направиле во Владата, со намалувањето на ДДВ од 18 на 10 проценти дневната заштеда за граѓаните е повеќе од 200 000 евра, а на неделно ниво се очекува таа да биде околу еден и пол милион евра.

Костовски: Наскоро почнува градбата на нова поликлиника во Бутел, за да се подобри здравствената заштита на жителите!

Општина Бутел ќе добие нова модерна поликлиника, откако денеска беше потпишан договорот со економски оператор за реализација на проектот. „Носител на овој мега проект е општина Бутел. Министерството за здравство партнерски ќе учествува во него. Премиерот Христијан Мицкоски стои зад овој проект.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Мицкоски: Нема да бидеме предизборна алатка во рацете на политичари од Бугарија, кои му припаѓаат на минатиот век!

„Во овој момент не би сакал да бидеме алатка во рацете на политичари во Бугарија, кои му припаѓаат на минатиот век, а не гледаат кон идината. Да не им дозволиме на тие политичари да водат изборна кампања врз ова прашање.“ – изјави денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со амандманите во извештајот на Томас Вајц за Македонија.

Скандалозни злоупотреби во МВР! – Полицајци за лажни боледувања менувале матични лекари, за да не одат на работа!

Фондот за здравствено осигурување ја заврши контролата на 80 лица и 105 приватни и јавни здравствени установи, откривајќи бројни злоупотреби при издавање на боледувања. Вкупната казна за установите со неправилности изнесува околу 1,2 милиони денари, а сите случаи се известени во МВР за понатамошно постапување.

Мицкоски: Реконструкција на Владата во мај, или јуни – Нема коалициски договори и преговори со други партии

Премиерот на Владата на Република Христијан Мицкоски изјави дека во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство, или ќе премине во друго министерство.

„Цунами“ од семејни насилства: тетовец секојдневно ѝ се заканувал на сопругата и децата, ја тепал и ја нападнал со нож!

Вчера, на 22 март 2026 година околу 21 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет. Во претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца.

Најнови вести

To top