Македонија

Денеска дебата за Предлог-законот за помилување

Една од најзначајните измени во Предлог-законот е дека Претседателот може да даде помилување само за санкција, но не и за кривичното гонење на поименично определени лица

Организаторите на расправата, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ) и Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, најавија дека на расправата ќе се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за правда Игор Филков, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје Сашо Георгиевски и претседателката на ЗКПКМ Александра Груевска-Дракулевски.

Здружението посочува дека целта на Предлог-законот за помилување е да воспостави јасна, транспарентна и временски ограничена постапка.

„Една од најзначајните измени во Предлог-законот е дека Претседателот може да даде помилување само за санкцијата, но не и за кривичното гонење на поименично определени лица, односно се укинува аболицијата. Мошне значајни се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување. Во таа насока, предвидени се кратки рокови за секоја од институциите што се вклучени во постапката за помилување, се вели во најавата.

Од научно-стручната расправа се очекува да произлезат заклучоци што ќе бидат доставени до Министерството за правда во насока на унапредување на текстот на Предлог-законот.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top