Македонија

Денеска е Митровден

Голем христијански празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитрија Солунски

 

Православната црква денеска го слави Светиот великомаченик Димитрија, во народот познат како Митровден. Ова празник кој има фиксен датум, секогаш паѓа на 8 ноември.

Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време

Митровден е еден од празниците за кои се врзуваат многу од обичаите. Еден од нив е „претскажувањето“ на времето – ако утре има дожд и мраз, се очекува долга и ладна зима со многу снег. Постои верување дека на овој празник, како и на Божиќ, треба да бидете дома, освен ако не сте повикани на слава.

Свети Димитрија е роден во Солун, во третиот век од нашата ера, за вереме на царот Максимилијан. Ја игнорирал царската наредба да ги прогонува христијаните и јавно го проповедал христијанството.

Кога царот слушнал дека солунскиот заповедник е христијанин, наредил да го фрлат во самица каде е мачен и погубен. Солунскиот христијанин тајно го погребале. На местото на неговиот гроб покасно изградија црква, а Димитрија е прогласен за заштитник на градот Солун.

Култот на св. Димитрија се негува на целиот Балкански полуостров, вклучувајќи ја и нашата земја каде голем број цркви се посветени токму на овој светец.

Именден слават: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра… Свети Димитриј бил роден во Солун, во третиот век.

 

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

To top