Македонија

Денеска пресуда за случајот „Геријатрија“

Според обвинителниот акт, директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба

Во Основниот Кривичен суд денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Геријатрија“ во кој Мухсин Арифи – поранешен директор на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина и Блерим Амити – вработен во клиниката се товарат за примање поткуп и награда за противзаконито влијание.

Според обвинителниот акт, Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од полицијата.

Обвинетите на почетокот од судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.

Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top