Македонија

Денга вирусната инфекција потврдена и во Македонија

Пациентот кај кого лабораториски е потврдена денга треска е стабилно и тој се наоѓа под постојан медицински надзор на Клиниката за инфективни болести

Пациентот кај кого лабораториски е потврдена денга треска е стабилно и тој се наоѓа под постојан медицински надзор на Клиниката за инфективни болести, информира директорот на установата, д-р Фадил Цана.

Станува збор за 42-годишен државјанин на Бангладеш, вработен во една од градежните компании во земјава, кај кого првите симптоми се појавиле уште пред да допатува во Македонија.

„Во моментот кога пациентот стана сомнителен, беше направена детална анамнеза, физикален преглед и клиничка дијагноза за можни тропски заболувања“, изјави д-р Цана.

Тој појасни дека пациентот имал треска и покачена телесна температура околу една недела пред пристигнувањето во земјава. По повторната појава на симптомите во Македонија, се консултирал со лекарот на компанијата, кој по направените анализи на крвта забележал одредени отстапувања и веднаш го упатил на Инфективната клиника.

Денга вирусната инфекција подоцна била потврдена и во Институтот за јавно здравје.

Директорот на Клиниката нагласи дека граѓаните немаат причина за загриженост, бидејќи не постои ризик од ширење на болеста во земјава.

„Македонија не е ендемско подрачје за тропски заболувања. Денгата се пренесува исклучиво преку убод од тигрест комарец, кој најчесто е присутен во тропски и суптропски подрачја“, рече Цана.

Тој посочи дека лицата што патуваат во тропски и суптропски земји имаат поголема веројатност да донесат одредени тропски заболувања.

Како најчести симптоми на денга треската, Цана ги наведе треската, високата температура, болките во телото, општата малаксаност, а во одредени случаи може да се појават и крвавења.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

To top