Македонија

Десет пријави за прекршување на изборниот молк

Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати

За време на предизборниот молк заклучно до 7 часот утрово, до отворањето на избирачките места, се регистрирани 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по 3 на подрачјето на СВР Скопје и на СВР Охрид, 2 на подрачјето на СВР Штип и по една на подрачјето на СВР Тетово и на СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 6 настани, информира портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

– Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабовите. Во врска со вчерашното гласање регистриран е настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари, при што е приведено едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот – посочи Андреевски.

Нагласи дека на сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето.

Најнови вести од: Македонија

#НетБезХејт: Децата ко-креираат побезбедна дигитална средина во Македонија

Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

Продолжува кравјата криза во Крива Паланка: Русокосата газдарица ги попречува инспекторите да ги одземат кравите (ВИДЕО)

Денеска акцијата на инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, со асистенција на полицијата, за прибирање на слободно движните крави ескалираше во тензична ситуација.

Пратениците дадоа „зелено светло“ за намалување на функционерските плати, нема да се зголемат за 200 евра

Пратениците дадоа светло по скратена постапка да се носат пакетот законски измени за пресметка на платите на избрани и именувани лица, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Здружението на обвинители и судиите бараат од народните избраници да се повлече од дневен ред законската корекција со која се предлага измена на коефициентите.

To top