Македонија

Дете од 4 години е најмлад милионер во РМ, а 97-годишен пензионер најстар

Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година.

Како што информира директорката на УЈП, Елена Петрова, минатата година се поднесени над 863.100 даночни пријави од граѓани или 10,6 отсто повеќе од 2024 година. Најголем дел од пријавите се поднесени во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.

– Интересни се податоците за највисоките поединечни доходи. Највисоката годишна бруто плата изнесува 139,1 милиони денари, додека највисоката дивиденда е 252,6 милиони денари, а највисоката капитална добивка е 164,2 милиони денари. Највисокиот доход од самостојна дејност е 157,9 милиони денари. Кога станува збор за вкупен доход од сите извори, највисокиот доход во 2025 изнесува 257,5 милиони денари и го остварил граѓанин од Гевгелија преку плата, дивиденда и друг доход исплатен од една компанија. Следува граѓанин од Охрид со 254,4 милиони денари. Овие приходи покажуваат зошто е важно различните извори на доход да се разгледуваат заедно, а не изолирано, рече Петрова на брифинг со новинарите.

Најнови вести од: Македонија

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош. Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежни институции […]

Уставен суд постапува по предметите за платите на обвинителите и членовите на Советот на јавните обвинители, кои тврдат дека им се најниски во регионот

Уставниот суд информира дека активно постапува по три предмети во кои се оспорени одредби од законите што ги уредуваат платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители, а по предметите се преземаат повеќе дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности пред донесување одлука. Како што соопшти Судот, станува збор […]

МЕПСО бара зголемување на преносната тарифа за струја за околу 98 отсто од јануари 2027, а четирите компании за топлинска енергија и на цената на парното греење

Конечниот збор го има Регулаторната комисија за енергетика, од чии одлуки ќе зависи колку повеќе ќе плаќаат граѓаните за струја и за греење. Пред една седмица премиерот Христијан Мицкоски изјави дека цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари 2027 година.

Сиљановска-Давкова разговарала со претседателот на Азербејџан на тема проширување на соработката во енергетиката

Во моменти на енергетски шок предизвикан од геополитичките тензии на Блискиот Исток и нарушувањата во испораката на течен природен гас (ЛНГ) низ Ормутскиот Теснец

Најнови вести

To top