Македонија

ДИК: До 9,15 часот гласале над 40.000 граѓани

Државната изборна комисија на прес-конференција ги соопшти првите резултати околу излезноста, како и текот на гласањето

 

„Вкупниоот број на оние кои излегле на гласањает се 41.890 граѓани кои до 9:15 минути го оствариле правото на глас. Вкупниот процент од 77% обработени податоци од кои се пристигнати, изнесува 3% на ниво на државата.

По Општини, Битола одзив до 9:15 е 3,38%, Богданци 4,68%, Боговиње 1,29%, Бутел 3,63%, Вевчани 5,02%, Гевгелија 4,30%, Гостивар 1,71%, Градско 5,61%, Делчево 4,11%, Демир Капија 5,27%, Зелениково 5,62%, Карпош 3,09%.

Навреме се отворени сите гласачки места во државата, и гласањето се одвива без никакви проблеми. Во ДИК досега нема пријавено проблеми за теток на гласањето.

Она што постапувавме од утрово како Државна изборна комисија, имаме во Куманово едно избирачко место 1133 во кое се запишани 12 гласачи, бидејќи од објективни околности, односно немаше струја, согласно изборниот законик, ДИК донесе одлука гласањето на ова избирачко место да продолжи непречено, без користење на уредот за биометриска идентификација, затоа што од ЕВН беше кажано дека во тој момент треба најмалку 1,5 час да се санира проблемот, затоа одлучивме гласањето да продолжи со УВ ламба и УВ спреј.

Иста ваква одлука донесовме за избирачко место во Штип. На ова избирачко место поради технички причини, ИТ лицата ангажирани од ДИК направија обид со смарт картички, но не можеа да го стартува биометрискиот уред за гласањето, и затоа моравме да донесеме одлука да продолжи гласањето со УВ ламба и УВ спреј.

Тоа се тие две избирачки места за кои постапувавме и донесовме ваква одлука“, рече Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top