Македонија

ДИК: Поднесени 575 листи за советници и 312 кандидатури за градоначалници

Најголем број на листи на кандидати за градоначалници и совети е поднесено за Градот Скопје

По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на општините и на Градот Скопје, во 80 општини и Градот Скопје, до општинските изборни комисии се поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Во оваа бројка се вклучени листите на кандидати од политички партии и листите поднесени од група избирачи.

Најголем број на листи на кандидати за градоначалници и совети е поднесено за Градот Скопје односно вкупно 18 листи на кандидати за градоначалник на Град Скопје и 20 листи на кандидати за членови на Советот на Град Скопје.

-Согласно Роковникот за локалните избори 2025 година, ОИК доставува барање до институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите веднаш по приемот на листата односно најдоцна на 14 септември. Откако ќе заврши проверката за исполнетост на условите и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти во кандидатските листи, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до Државната изборна комисија за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, веднаш по потврдувањето на листата односно најдцна на 20 септември 2025 година, појаснуваат од ДИК.

По завршување на процесот на проверка на документацијата и исполнетоста на законските услови и потврдување од страна на ОИК, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини кои ќе учествуваат на изборите.

Најнови вести од: Македонија

Деспотовски: Ова не е мојата СДСМ

Јован Деспотовски, член на СДСМ и поранешен кандидат за претседател на партијата, на гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, остро реагираше на барањето за негово исклучување од партијата и обвинувањата за предавство и соработка со политички противници.

Поранешен припадник на МВР, кој бил обезбедување на Џес Бејли, соработник на Данела и близок на уредникот на „Инфомакс“ е приведен

Настанот се случил на денот кога се одржа рочиште за случајот со насилен упад во редакцијата на Инфомакс за време на подкаст во живо.

Се бара итна ревизија на системот за влез и излез „EES“ – забележан еден куп пропусти

Во текот на шестмесечната фаза на имплементација, државјаните на трети земји сè уште ќе имаат пасоши кои се проверуваат и печатат. Сепак, покрај тоа, Системот за електронска безбедност бара да се земат отпечатоци од прсти и биометриска фотографија на лицето. Многу аеродроми имаат инсталирано специјални машини за оваа намена со цел да се забрза регистрацијата.

Новите згради на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се поврзат со мост, се распишува тендер за репроектирање

Во напредна фаза е решението за довршување на зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во близина на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, информираше на брифинг со новинарите министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот – МОН со обемни планови за 2026 година

Повисоки плати, нов концепт на државната матура, електронски свидетелства, „ѕид на срамот“. Министерката за образование и наука на брифинг со новинарите за плановите во 2026. Јануари ќе стартува со потпишување на Националната стратегија за образование (2026-2032), која ќе биде патоказот по кој МОН ќе треба да ги крои политиките во следните шест години. Меѓу приоритетите во стратегијата е и едносменската настава. Досега е имплементирана во двесте училишта.

To top