Македонија

Димитриеска Кочоска: Јавниот долг од 59,6% од БДП е знак за стабилни јавни финансии

Јавниот долг на Република Македонија заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 10,064.1 милиони евра односно 59,6 проценти од Бруто домашниот производ (БДП) – објави денеска Министерството за финансии.

Според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, овој износ на јавниот долг е јасен и силен показател за заложбите за стабилни јавни финансии и фискална консолидација, а воедно значи и почитување на Мастришките критериуми, според кои јавниот долг треба да биде под 60 проценти од БДП. – Морам да бидам искрена и да кажам дека нашите проекции согласно Стратегијата за управување со јавниот долг, иако Министерството за финансии напорно работеше, беа дека тој ќе се движи нешто над 60 проценти. Но, еве уште еднаш можеме да покажеме и докажеме дека навистина со посветена работа, внимателно планирање и строга контрола на секој поединечен расход, притоа внимавајќи на секој еден расход, не само на централната влада, туку во исто време како се трошат кредитите кои треба да ги повлекуват јавните претпријатија и акционерските друштва, се покажа дека навистина може да постигнеме и побрзо резултати од она што сме го очекувале – изјави Димитриеска Кочоска.

Министерката за финансии појасни дека пониското ниво на јавниот долг во однос на очекувањата се должи, пред сè, на внимателното трошење на расходната страна во рамки на централниот буџет, но и на контролираното и фазно повлекување на кредитните средства од страна на јавните претпријатија. Во тој процес, посочи дека значајна улога имаат Секторот за буџети во Министерството за финансии, кој континуирано ги следи финансиските состојби и извештаи на овие друштва, како и Секторот за меѓународни финансии, преку кој се реализира повлекувањето на средствата.

Прашана за очекувањата за движењето на јавниот долг до крајот на годината министерката рече дека не очекува износ од над 60 проценти, но оти ќе се види каква ќе биде годината што во голема мера зависи од реализацијата на приходите. – За оваа година планиравме и проектиравме реални даночни приходи, а моите очекувања се дека може да има и одредено надминување, особено имајќи предвид дека треба да започне со целосна примена системот Е-фактура – рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Според податоците од Министерството за финансии, надворешниот јавен долг изнесува 4,493.9 милиони евра, а внатрешниот јавен долг 4,570.2 милиони евра. Државниот долг заклучно со крајот на 2025 година изнесува 538,253.1 милиони евра односно 51,8 проценти и бележи намалување во однос на претходната година за 1,2 ппроцентни поени.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top