Македонија Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме плус 600 милиони денари за локален развој и реализација на општинските проекти

Собранието ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедени дополнителни 600 милиони денари за инвестициски проекти. Средствата со Предлог-одлуката се обезбедуваат се наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, а согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства. Со прераспределбата, исто така, […]

Собранието ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедени дополнителни 600 милиони денари за инвестициски проекти. Средствата со Предлог-одлуката се обезбедуваат се наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, а согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства. Со прераспределбата, исто така, се обезбедија 242,3 милиони дополнителни средства во Министерството за социјална политика, демографија и млади за надоместоци за социјална заштита.

  • Станува збор за обезбедување средства за реализација на инвестиции во општините што е дел од нашиот концепт за развој, особено развој на локално ниво. Дополнителни 600 милиони денари се ставаат на располагање на општините за инвестиции кои ќе значат подобри услови за живот на граѓаните и подобри услуги од општините. Целта на Владата е поддршка на локалниот развој и истовремено поддршка на економскиот раст. Средствата со Одлуката ги распределуваме во буџетите на надлежните институции од каде ќе се трансферираат средствата кон општините согласно динамиката на реализација на проектите“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа појасни дека со донесената Одлука од страна на Собранието средствата се распределуваат во Министерството за социјална политика, демографија и млади каде се дополнуваат 100 милиони денари, во Министерството за образование и наука 361,2 милиони денари, Министерството за спорт 62,4 милиони денари и Министерството за култура 60 милиони денари. Ова е согласно пристигнатите и одобрени проекти на Вториот јавен повик на кој општините доставија проекти за реализација.

Имено, дел од планираните средства за реализација на проектите за локален развој, кои се имплементираат од страна на општините, беа распределени со иницијалниот Буџет за 2025 година во соодветните министерства. Дополнувањето е согласно доставените и прифатени проекти на вториот повик за поддршка на општински проекти.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

„Н.М“: Споменувањето на МПЦ-ОА како „северномакедонска црква“ во литургијата на Даниил и Вартоломеј е отсекување на милениумите на македонскиот идентитет и црковните традиции!

На 27 декември во црквата „Свети Стефан“ во Истанбул, во литургијата на бугарскиот патријарх Даниил во сослужување со цариградскиот патријарх Вартоломеј не е спомената Македонска православна црква – Охридска архиепископија, туку „Православна црква на Северна Македонија“. Поглаварот на МПЦ – ОА Архиепископот Македонски и Охридски Стефан е вака споменат, туку како што е признаен од […]

Министер Алиу: 50% од населението во Македонија се зависни од цигари

Министерот за здравство, Азир Алиу, во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, истакна дека длабока анализа на постојната состојба покажала дека околу 50 отсто од популацијата во Македонија е зависна од цигари

To top