Македонија

Димитриеска-Кочоска: Со вториот ребаланс ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења

Вкупните приходи во вториот ребаланс се планирани на 374,2 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Проекциите за економскиот раст и за инфлацијата се задржуваат на 3,5 проценти, додека најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

Мерките за задржување на ниските цени на горивата ја чинат државната каса над 100 милиони евра до крајот на годината. Собранието ја започна расправата за вториот ребаланс на Буџетот за 2026, со кој според министерката за финансии, се врши усогласување на проекциите со реалните економски движења. Димитриеска-Кочоска рече дека ребалансот е подготвуван во услови на продолжена глобална неизвесност, геополитички тензии и нарушувања на меѓународните пазари на енергенси.

Ребалансот не е само техничка корекција на буџетските ставки, туку и инструмент преку кој се земаат предвид најновите економски показатели и досегашното извршување на Буџетот, а истовремено се обезбедуваат средства за законските обврски и приоритетните потреби на граѓаните и институциите рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред Комисијата за финасирање и буџет на Собранието во која почна амандманската расправа на вториот ребаланс на буџетот.

  • Со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења, досегашната реализација и ефектите од мерките преземени во текот на годината. Продолжуваме со инвестиции во патната и железничката инфраструктура, образованието, животната средина, земјоделството, енергетската ефикасност и модернизацијата на јавните финансии, со поддршка од домашни и меѓународни финансиски извори. Очекувам дека во рамки на расправата ќе ги разгледаме предложените измени од аспект на нивната оправданост и потребата за одговорно извршување на Буџетот до крајот на годината- рече таа.

Димитриеска -Кочоска  додаде дека вториот ребаланс е подготвуван во услови на продолжена глобална неизвесност, геополитички тензии и нарушувања на меѓународните пазари на енергенси.

  • Конфликтот на Блискиот Исток и движењата на светските цени на нафтата и другите примарни производи се одразуваат врз економските услови, врз трошоците на компаниите и домаќинствата, но и врз планирањето и реализацијата на буџетските приходи и расходи. Во вакви околности, одговорната фискална политика бара навремено следење на состојбите и усогласување на буџетските проекции со реалните движења- рече министерката.

Таа додаде дека мерките кои што ги презеде владата за ублажување на кризата имаат конкретна цел, но имаат и директен ефект врз приходната страна на Буџетот, што мора реално да се одрази во проекциите за остатокот од годината.

  • Затоа, со предложените измени ги усогласуваме приходните и расходните проекции со новите економски услови и со реализацијата во текот на годината. Притоа, буџетскиот дефицит останува непроменет на претходно утврденото ниво од 4,1 процент од бруто-домашниот производ, односно 46,3 милијарди денари. Корекциите се спроведуваат во рамките на постојниот фискален таргет, со внимателно усогласување на расходите со расположливите средства- напомена Димитриеска-Кочоска.

СДСМ оценува дека новото прекројување на државната каса е последица на нереалното планирање на приходите, а не само на мерките за намалување на акцизата и ДДВ за горивата.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, тврди дека економските политики се водат одговорно и стратешки, со фокус на фискалната консолидација и одржливиот развој, додавајќи дека платите и пензиите продолжуваат да растат.

Министерката рече дека вкупните приходи се планирани на 374,2 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Проекциите за економскиот раст и за инфлацијата се задржуваат на 3,5 проценти, додека најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

Во меѓувреме, не стивнуваат реакциите од СДСМ. Според опозициската партија, новото прекројување на државната каса е последица на нереалното планирање на приходите, а не само на мерките за намалување на акцизата и на ДДВ за горивата. ВМРО-ДПМНЕ, пак, тврди дека економските политики се водат одговорно и стратешки, со јасен фокус на фискалната консолидација и одржливиот развој, а платите и пензиите продолжуваат да растат. За вториот ребаланс на буџетот се поднесени 120 амандмани.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

Уште во 2023 претходната влада на СДСМ и ДУИ стапила во деловни односи со „Алта банка“ – Белград и Давор Мацура од Србија, дозволувајќи им влез во РМ

Претходната влада на СДСМ и ДУИ влегла во деловни односи со Алта банка – Белград и Давор Мацура во Србија уште во 2023 година кога на владина седница била донесена одлука да го овласти државниот правобранител во име на владата да ги отуѓи акциите што Македонија ги имала во српска банка, која Алта банка ја купува. Тогаш државата влегла во деловен однос со Алта банка и Давор Мацура. Купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка не е поврзано во никој случај со сегашната Влада бидејќи станува збор за две правни лица и трансакцијата е во согласност со сите прописи, закони и со Уставот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но неодговорно е да се одржат, оти ѝ штетат на Македонија

Христијан Мицкоски, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека во моментот е неодговорно кон државата да се организираат предвремени парламентарни избори иако, како што вели, ако се гледа од политички аспект на неговата партија, тоа ѝ одговара.

Народната банка на Македонија и гувернерот Славески поднесоа кривични пријави против Филипче, Димитриевиќ и Жерновски во врска со „Алта банка“!

Народната банка и гувернерот Трајко Славески поднеле кривична пријава против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и против генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, во врска со случувањата со Алта Банка АД Битола.

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во една поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Најнови вести

To top