Македонија

Димитровски: Странските претставници ни велат дека нашиот проблем е опозицијата, која вели дека треба да се смени Уставот

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, оцени дека Македонија го има клучниот проблем да ги почне преговорите со Европската Унија, а тој проблем е билатерален и наметнат од Бугарија, иако Софија постојано тврди дека станува збор за работа со ЕУ.

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, оцени дека Македонија го има клучниот проблем да ги почне преговорите со Европската Унија, а тој проблем е билатерален и наметнат од Бугарија, иако Софија постојано тврди дека станува збор за работа со ЕУ.

Во интервју за МИА, Димитровски посочи дека претходната власт не требало да го прифати францускиот предлог, бидејќи со тоа Софија доби можност да го користи правото на вето за сите прашања од преговарачката рамка.

„Историските и идентитетските прашања не требаше да бидат дел од преговарачката рамка“, рече тој.

Тој нагласи дека се потребни механизми со кои билатералните блокади ќе престанат да бидат пречка во преговорите.

„Доколку се создаде механизам во Европската комисија – а мислам дека тоа се намерите и на германската и на француската страна – да не бидат можни блокади за билатералните прашања од идентитетски и историски карактер, тоа навистина ќе ни помогне да ги отвораме и затвораме поглавјата“, додаде Димитровски.

За акцискиот план за малцинствата

Тој ја критикува блокадата на Акцискиот план за малцинствата од страна на Бугарија, истакнувајќи дека документот е составен со европски експерти, консултирани се сите етнички заедници и дека тој ќе ги подобри правата на сите малцинства, вклучително и на оние кои се чувствуваат како Бугари.

„Добивме бланко-блокада. Немаат конкретни забелешки на документот, туку само велат дека нема да разговараат додека не ги направиме уставните измени“, рече заменик-министерот.

За новите европски иницијативи

Димитровски ги оцени новите иницијативи (нон-пејпер на Макрон и Мерц) како силен поттик за проширување, но нагласи дека за Македонија клучно е да се отворат преговорите и да се создаде механизам против билатерални вета.

Тој ја поздрави и изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за периодот 2027–2029 година, оценувајќи го како „голем дипломатски успех“.

Најнови вести од: Македонија

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

Народна банка со мерки за заштита на имотот на „Алта Банка“ и интересите на штедачите

Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка.

До Брвеница и по неа

А СДСМ? Во првиот круг во Брвеница нивниот канидат заврши како четврти, по што објавија победа! Падна Александар Вучиќ во Србија, тие повторно прогласија победа. Претходно и во Унгарија исто така беа победници. Сега чекаме да видиме дали ќе прогласат победа и на изборите во САД? Секаде победуваат. Иако, во Македонија никако не сакаат да има избори

Филипче и Заеви си ја обновија лиценцата за бизнисот со струја

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека, постапувајќи по барање на фирмата ФОС ИМЕРАС, извршила усогласување на правата и обврските утврдени во лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на електрична енергија со Законот за енергетика.

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

To top