Македонија

Димовски: Мораме да вложиме во македонскиот коридор, да ги поврземе Скопје и Битола

Експратеникот го скицира на Икс регионот што, според него, е „националниот македонски ‘рбет“

Поранешниот пратеник Илија Димовски го скицира „националниот македонски ‘рбет“.

„Повеќе од економијата, ова е оската на македонската историја. Регионот помеѓу Велес, Прилеп, Битола, Демир Хисар, Кичево, до Костур, Воден и Лерин е националниот македонски рбет.

Нема востание и револуционерна борба која во овој регион не била над 80 отсто од вкупното македонско национално движење. Комитските чети на ВМРО, партизанското движење, просветата, слободарската мисла и идеја за Македонија во најголем дел се темели на оваа македонска трансверзала.

Можеби српското, бугарското, грчкото или албанското приоретизирање на инфраструктурата е различно, некои сакаат повеќе коридор 10, некои коридор 8, но ние мораме да вложиме во македонскиот коридор, да ги поврземе Скопје и Битола“, напиша Димовски на Икс.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

Учениците читаат, но ништо не разбираат – Зошто децата во Македонија се сè понеписмени?!

Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста. Поразителни се резултатите од најновото истражување кај четврто и осмоодделенците кое открива дека новите генерации се потешко пишуваат, а уште помалку разбираат што читаат. Иако растат во дигитална ера, многумина не го знаат значењето на основни поими како зборот аудио, ниту знаат да изградат сопствен став за теми како загадувањето на воздухот.

To top