Македонија

Димовски: Независноста ја славиме на овој ден, но ја добиваме или ја губиме секој друг ден

Во својата честитка за празникот експратеникот објаснува како ја добиваме и губиме независноста секој ден

Поранешниот пратеник Илија Димовски со малку поинаква честитка за Денот на независноста на Република Македонија.

„Честит 8 Септември! Ден на независноста на Република Македонија!

Независноста не е календарски датум.

Независноста ја славиме на овој ден, но ја добиваме или ја губиме секој друг ден.

Со секое зрно храна што го увезуваме, а можеме сами да го произведеме, ја губиме независноста.

Со секоја спортска победа што нè обединува, ја добиваме независноста.

Со секој туѓ шунд што го прифаќаме, ја губиме независноста.

Со секое дело на култура и уметност по кое светот нè препознава, ја добиваме независноста.

Со секој иселен Македонец, ја губиме независноста.

Со секој наш повратник од светот, ја добиваме независноста.

Со секој намален ранг на нашите универзитети, ја губиме независноста.

Со секој успех на нашите деца по олимпијадите на знаење, ја добиваме независноста.

Со секој загаден ќош, застанат воз, затворена врата во болница, ја губиме независноста.

Со секој километар пат, отворена фабрика или театарска зграда, ја добиваме независноста.

Независноста не е завршен процес, туку недовршена задача.

Независноста не се брани со очај и бес, туку со ум, разум и вредносен систем што ќе им даде сила на добрите, паметните и чесните.

Нека е честит Денот на независноста на Република Македонија!

Нека е вечна идејата за слобода и независност на Македонија!“порача Димовски на Икс.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

Учениците читаат, но ништо не разбираат – Зошто децата во Македонија се сè понеписмени?!

Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста. Поразителни се резултатите од најновото истражување кај четврто и осмоодделенците кое открива дека новите генерации се потешко пишуваат, а уште помалку разбираат што читаат. Иако растат во дигитална ера, многумина не го знаат значењето на основни поими како зборот аудио, ниту знаат да изградат сопствен став за теми како загадувањето на воздухот.

To top