Македонија

„Дно“, вели Спасовски за резултатот на СДСМ на локалните избори

Мислам дека резултатот од 126 илјади претставува дно и јас би сакал да е тоа дното на кое сите ние ќе застанеме.

facebook.com/o.spasovski

Резултатот од локалните избори е лош, оценува пратеникот од СДСМ на Македонија (СДСМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во однос на резултатот што партијата од која доаѓа го имаше на изборите.

Спасовски вели дека како одговорен човек тоа го загрижува, но и мотивира за тоа да се види што треба да се прави за понатаму.

Според него, СДСМ претставува една вистинска идеја што има длабоки корени и традиција во македонското општество и секако дека таа идеја мора да опстои.

„Резултатот покажа една друга димензија во која генерално граѓаните на Македонија покажаа негативен став кон партиите и тоа треба серизоно да се разгледа“, рече Спасовски во интервју на телевизија Алсат.

Околу тоа дека СДСМ изгуби многу од општините во кои досега беше власт, вклучувајќи ја и Струмица, Спасовски рече дека е лошо да се коментира која партија колку изгубила.

Факт е дека ние изгубивме 20 и повеќе илјади гласа од претходните парламентарни избори. Факт е дека бројот на градоначалници е сведен на шест. Факт е и тоа дека 60 проценти од граѓаните во Македонија одлучија да не излезат воопшто да гласаат. Тоа покажува разочарување од политичките партии“, рече тој.

Според Спасовски, СДСМ треба да направи анализа и да види кој е најголемиот проблем.

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top