Македонија

До домот кој го посакуваш со само 10% учество – Нов поволен станбен кредит од УНИБанка

Можности за сите

За новите генерации, Millennials и Gen Z, да се поседува сопствен дом, навидум изгледа како нешто далечно и недостижно, па го одложуваат купувањето на својот прв дом и се определуваат за изнајмување или заедничко живеење со блиски луѓе.

Причините се најразлични, културолошки, поради несигурни идни приходи, нерешителност, но понекогаш и поради нефлексибилноста на финансиските институции, кои немаат прилагодени кредитни продукти за млади луѓе.

Токму ова го антиципира УНИБанка која како динамична исовремена Банка, на пазарот воведе станбен кредит кој е прилагоден на потребите на младите, на динамичното опкружување и кој дава предвидливост во процесот на отплата. Кредитот е со рок на отплата 30 години, каматна стапка од 3,9% за целиот период на отплата, фиксна 12 години, без административен трошок и со учество од само 10%. А со вклучување на ризико осигурување постои можност да се дојде и до пониска каматна стапка. УНИБанка создаде кредит кој е во согласност со насоките на Народна Банка, да се креираат кредитни решенија кои се поволни, достапни и прилагодени на младите генерации.

Со достапноста на овој продукт УНИБанка уште еднаш потврдува дека е финансиска институција која се грижи за младите и им овозможува побрзо и полесно да дојдат до сопствен дом.

Аплицирањето е едноставно, може и онлајн, и без стрес да се заврши целата процедура.

Самостојното живеење носи поголема приватност, чувство на независност и личен простор кој може да се обликува според сопствените преференции, темел за личен раст, одговорност и самодоверба.

УНИБанка ги охрабрува сегашните генерации да тргнат коностварување на своите цели и да дојдат до сопствен дом, затоа што токму тоа е патот кон стабилност и сигурна визијаза иднината.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top