Македонија

До почеток на кампањата за избори сите службени возила ќе добијат регистарски таблички во црвена боја

Им доаѓа крај на злоупотребите

Црвено-жолта регистарска табличка на сите службени коли треба да стави крај на трошењето државни ресурси за партиски цели. Лесно ќе се препознаваат во сообраќајот, а ќе ги регистрира и системот „Сејфт сити“. Регистар со колку службени возила располага државата нема, но сите институции треба до изборите да ја земенат обичната регистарска ознака со таква во боја. Тие што нема да го сторат тоа, ќе добијат црвено-жолта табличка при регистрација на колата, а исклучок ќе бидат само дел од возилата на МВР и Ангенцијата за национална безбедост.

 „Ако некој се обиде да избегне брендирање, при регистрација сепак ќе добие црвени таблици“, изјави Томовски. Според проценките, во државата има од 7.000 до 7.500 службени возила, иако нема единствен регистар. Новото правило се однесува на сите возила во сопственост на државата – на Владата, општините и јавните претпријатија, со исклучок на дел од возилата на МВР и АНБ. Иако правилникот не предвидува казни, властите очекуваат мерката да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во користењето на државните возила. Институциите во државата имаат рок до 15 септември да ги брендираат службените возила, соопшти директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Секоја злоупотреба ќе се истражува и секој кој ќе злоупотребува државни ресурси ќе сноси соодвента санкција, посочи директорот за јавна безбедност Александар Јанев.

Јасно и гласно го кажувам тоа, ние веќе во рамки на Бирото за јавна безбедност и во рамки на Министерството за внатрешни работи имаме одржано низа состаноци, имаме отворено оперативна акција „Локални избори 2025 година“, така што една од главните насоки е полициските службеници да постапуваат исклучиво со интегритет и професионалност и истите мора да пружат и обезбедат фер и демократски локални избори. Ние сме една од алките кои што е гарант за остварување на највисокото демократско право, а тоа е правото на глас, порача Јанев.

Со регистарските таблички во боја МВР ќе има обврска да направи регистар за службените возила, и ќе се знае со колкав број располага државата. Според најавите, ќе биде отворена и телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилна употреба на службените автомобили.сОдлуката за промена на табличките на сите службени возила во сопственост на државата беше донесена на владина седница на 29 јули.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

Кисела вода добива сè повеќе првачиња

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, рече дека изградбата на салата во Припор е реализација на долгогодишно барање на жителите. Таа нагласи дека проектот е реализиран во соработка со Владата и Министерството за образование.

Премиерот знаел дека опозициски партии ќе почнат хибриден напад за кревање хистерија

Премиерот посочи дека се надева дека со новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија односно вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир и страв кај граѓаните

To top