Македонија

Додека чекал бугарско државјанство, ширел анти-македонска и про-руска пропаганда

Станува збор за лице со иницијали А.С. во чиј дом е извршен претрес при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов дополнително се вештачат

Агенцијата за национална безбедност соопшти дека, во координација со други надлежни институции, континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, која има деструктивна и малициозна агенда за остварување влијание врз јавниот дискурс, во корист на странски интереси.

„Во рамки на заеднички координирани активности на АНБ, МВР и ОЈО, на 18.09.2026 г. преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор.

Според информации на на „Слободен печат“, македонски државјанин кој е во постапка за добивање бугарско државјанство, е под истрага за предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, за оддавање службена тајна поврзана со патувањето на сопругата на премиерот Христијан Мицкоски во Бугарија односно за обезбедувањето и припадниците на безбедносниот апарат кои биле на задача во склоп на таа посета, како и за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Станува збор за лицето А.С. во чиј дом е извршен претрес при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење.

Од Агенцијата за национална безбедност велат дека истрагата е во контекст на попречување пропагандни активности во функција на руските интереси.

Агенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, која има деструктивна и малициозна агенда за остварување влијание врз јавниот дискурс, во корист на странски интереси.

Во рамки на заеднички координирани активности на АНБ, МВР и ОЈО, на 18 септември преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор.

Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домејн. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост“, велат од АНБ.

Поради основано сомнение дека е сторител на КД „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост” по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна” по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” по член 394-г од КЗ, извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Случајот со “бегалката” – упад во македонскиот правосуден и безбедносен систем.

Со тоа што Бугарија одбива да постапи по потерницата на македонското МВР, како државата членка на ЕУ прави упад во државниот и правниот систем на соседна суверена земја, иако случајот го претстави како „хуманитарен“

Најнови вести

To top