Македонија

Доживотен за убијците на Вања и Панче – слобода за таткото

Во кривичниот судденеска е изречена доживотна казна затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев,обвинети за грабнување и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, за кој првичнопостоеја цомненија дека е вмешан во гиднапирањето на неговата ќерка е ослободен од обвинение. Судот на обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев […]

Во кривичниот судденеска е изречена доживотна казна затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев,обвинети за грабнување и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, за кој првичнопостоеја цомненија дека е вмешан во гиднапирањето на неговата ќерка е ослободен од обвинение.

Судот на обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски за кривичното дело грабнување им утврдува казна затвор од по 10 години, а за кривичните дела убиства на секој од обвинетите поединечно им утврдува казна затвор доживотен затвор, со што им се утврдува единствена казна доживотен затвор, образложи судијата Стефановски при денешната објава на пресудата во Основен кривичен суд Скопје.

Првообвинетиот Палевски во своите завршни зборови го негираше учеството во убиствата, префрлувајќи ја вината врз Манев и Видевски. Во завршните зборови, Палевски и Видевски побараа да бидат ослободени од вина со тврдење дека не сториле ништо, додека Кешишев и Манев бараа да не бидат судени за убиствата, туку само за грабнувањата.

Постапката доби и ново продолжение пред само неколку недели, кога беше уапсен вработен во Народна банка, за кого сведочеше Велибор Манев дека го уништил ранецот во кој бил криен пиштолот што, според обвинението, бил користен при убиствата.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top