Македонија

Доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, оти ја убил мајка си со нож во август 2025

На познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, во јавноста познат како „Грофот“, денеска му е изречена казна доживотен затвор за кривичното дело „убиство“ на неговата 84-годишна мајка, Марија Заркова. Пресудата ја донесе кривичниот судски совет, со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип.

Судијата Георгиев ја објави пресудата наведувајќи дека кривичното дело било извршено на 8 август 2025 година, во раните утрински часови, по 2 часот, и оти обвинетиот самиот се јавил на бројот за итни повици. Убиството било извршено со зелен нож, кој, според судот, Зарков и претходно го користел при извршување кривични дела поврзани со семејно насилство.

Судијата Георгиев вели дека според архивата на Основниот суд во Штип, Зарков неколку пати е суден за сторени кривични дела семејно насилство врз неговите сега починати родители. Зарков во текот на судењето, во два наврати даде исказ дека не се сеќава дали ја убил неговата мајка.

Пресудата беше објавена во отсуство на Зарков, кој е во притвор во Затворот-Куманово.

Во  Основниот суд во Штип од 2020 до денеска изречени се три казни доживотен затвор за сторени свирепи убиства. Од нив едната е изречена лани за убиецот на штипјанката Емилија Пешева, која беше задавена, а сторителот самиот се пријави во Полициска станица-Штип.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

To top