Македонија

ДПА нема да учествува на локалните избори

Мендух Тачи, ги нарече локалните избори маскарада и наведе кои биле причините за таквата партиска одлука

Одлуката беше донесена во Централното собрание на Партијата објави лидерот на партијата која пред неколку денови ги прекина односите со Али Ахмети и со Европскиот фронт.

„Централното собрание одлучи дека Демократската партија на Албанците одбива да учествува во оваа политичка маскарада наречена избори и нема да имаме кандидат на овие избори“, објави Тачи.

Тачи понатаму објаснува некои од причините:

„Господинот Ахмети свесно влезе и зеде како сојузници двајца заколнати непријатели на ДПА кои не штедеа ништо за да ѝ наштетат на оваа партија, а Собранието (на партијата) заклучи дека соработката со Ахмети и ДУИ е целосно невозможна“, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Тачи пред неколку дена изјави дека повеќе нема политички односи со Али Ахмети и дека политичката соработка меѓу нив не продолжува.

ВРЕДИ: Се распаѓа фронтот на Али

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top