Македонија

Драма на скопскиот аеродром, закана за бомба предизвикала вознемир на Петровец

Заканата се однесувала на бомба во авион лоциран на пистата на аеродромот

Вистинска драма се случувала ноќеска на скопскиот аеродром откако аеродромскиот менаџмент добил информација за закана за бомба која  предизвикала вознемирување на Петровец.

Бомбата според заканата која била примена повеќе од два часа по полноќ била поставена во авион кој што бил стациониран на пистата на Скопскиот аеродром.

 

Извори од аеродромот тврдат дека и покрај заканата воопшто не била крената паника ниту се случил хаос.

Менаџментот на аеродромот постапил согласно процедурите на МВР и воздухопловните власти и случајот не екалирал.

Заканата според изворите на expres.mk не предизвикала масовна евакуација на патници ниту одложување на летови.

Скопскиот аеродром е менаџиран од турската компанија ТАВ член на француската групација АДП која е една од водечките на светот.

Изворите на express.mk не откриваат кој ја упатил заканата за бомба која според МВР била лажна дојава.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top