Македонија

Драматичен инцидент во беровско: Жена удрила двајца мажи со автомобил, едниот го нападнала и со нож

Жена од Возарци (52) со автомобил удри во двајца мажи пред кафуле во Будинарци, а потоа физички нападна еден од нив

Жена од Возарци (52) со автомобил удри во двајца мажи пред кафуле во Будинарци, а потоа физички нападна еден од нив.

Вчера во раните утрински часови (07.12.2025) во селото Будинарци, општина Берово, се случи сериозен инцидент во кој 52-годишната М.М. од Возарци, кавадаречко, со својот „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки удри во двајца локални жители – Д.Г. (38) и Ѓ.Ч. (24) од соседното село Митрашинци. Двајцата мажи во моментот на судирот се наоѓале пред угостителски објект.

По судирот, М.М. излегла од возилото, со остар предмет се упатила кон Ѓ.Ч. и физички го нападнала Д.Г. Потоа, заедно со сопатникот кој бил со неа во автомобилот, го напуштила местото на настанот.

ОВР Берово ја примило пријавата и веднаш започнало со увид и собирање доказен материјал. Во тек се сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот, вклучително утврдување на мотивот, степенот на повредите на двајцата мажи и евентуално присуство на алкохол или други супстанци кај учесниците во инцидентот

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

To top