Македонија

Дрскост: До вчера беа на власт, а ја критикуваат Владата за стагнација на евроинтеграциите

Алијансата за Албанците, крилото на Арбен Таравари, денес ја критикуваше владата за тоа што изјави дека оваа година не е карактеризирана со напредок, туку со стагнација и одложување на патот кон Европската Унија. „Една од главните причини што нè принуди да ја напуштиме оваа влада беше неуспехот да се спроведе еден од основните столбови на […]

Алијансата за Албанците, крилото на Арбен Таравари, денес ја критикуваше владата за тоа што изјави дека оваа година не е карактеризирана со напредок, туку со стагнација и одложување на патот кон Европската Унија.

„Една од главните причини што нè принуди да ја напуштиме оваа влада беше неуспехот да се спроведе еден од основните столбови на договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ – усвојувањето на уставните амандмани во првите шест месеци од владата.

Како што правилно истакна лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, овој неуспех претставува не само кршење на политичкиот договор, туку и длабоко разочарување за албанските граѓани, на кои јасно им беше ветено дека ќе го направат овој чекор кон европската интеграција“ се вели в соопштението од АА.

За Коалицијата ВРЕЕДИ од која беа дел, од АА велат дека „наместо да биде фактор на промени, избра молчење пред неисполнетите ветувања и последователните неуспеси. ,пренесе Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Николоски: „Не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката“

Ова вчера во телевизиско гостување рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за влезот на државата во ЕУ, но и за неодамна изнесениот став на премиерот Христијан Мицкоски оти е подготвен да чека со децении без уставни измени, односно дека актуелната Влада нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

To top