Македонија

ДУИ ќе усвои „стратегиски резолуции“ за „јакнење на унитарниот карактер на државата“, „враќање на довербата во институциите“, „евроинтеграција“ и „национален договор за напредок“!

„Демократската унија за интеграција денес ќе го одржи својот петти конгрес во Скопјe. Покрај кадровските промени и реорганизацијата на партиските структури, од овој конгрес ќе произлезат и четири стратегиски резолуции. Резолуциите ќе ги претстави во својот говор лидерот на партијата Али Ахмети.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

Порталот натаму наведува: Извори од ДУИ велат дека Ахмети ќе ги дефинира политичките насоки на Демократската унија за интеграција за следниот четиригодишен период, како и визијата за демократскиот, институционалниот и општествениот развој на државата. „Овој говор ќе послужи како политичка ориентација за активноста на ДУИ и за развојниот пат на земјата во наредните години. Од овој говор ќе произлезат четири резолуции, кои претставуваат темелна оска на политичката определба на ДУИ и ќе послужат како ‘линија’ што, партијата ќе ја следи во следниот четиригодишен мандат на своето политичко дејствување.“ – вели изворот во ДУИ
.
Резолуциите, што ќе бидат разгледани и усвоени од делегатите на Конгресот на ДУИ, се:
Резолуција I – За зајакнување на унитарниот карактер на државата и консолидирање на функционалната еднаквост
Резолуција II – За владеење на правото, независна правда и враќање на довербата во институциите
Резолуција III – За национален договор за напредок и одржлив развој на земјата
Резолуција IV – За европска интеграција.

Од ДУИ велат дека овие четири резолуции ја претставуваат платформата и стратегиската визија на Демократската унија за интеграција за следните четири години и ја потврдуваат нејзината улога како клучен чинител во насоката на демократските и интеграциските процеси на државата. – објави „Тетова сот“.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top