Македонија

ДУИ со тешка артилерија: Бујар Османи „ќе трча“ за Чаир

За екс-министерот за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања ова изгледа како намалување на употребната вредност, но всушност тој е фрлен во оваа битка за да се покаже доминацијата на ДУИ на локалните избори.

ДУИ и „Европскиот фронт“ се определија за најсилниот партиската номенклатура – Бујар Османи – да отидат во битка за освојување на скопската општина Чаир и да го детронизираат таму Изет Меџити и неговиот верен аѓутант, сегашниот градоначалник Висар Ганиу. За екс-министерот за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања ова изгледа како намалување на употребната вредност, но всушност тој е фрлен во оваа битка за да се покаже доминацијата на ДУИ на локалните избори.

Таква одлука донесе Централното претседателство на ДУИ на денешната седница. Покрај Османи, определен е и кандидат за градоначалник на Тетово, тоа е поранешниот пратеник Бајрам Реџепи. Тоа се клучните кандидати на ДУИ. Во рамките на „Европскиот фронт“ кандидати за градоначалници ќе имаат и Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села, како и другото крило на оваа партија, предводено од Арбен Таравари.

Бујар Османи веднаш реагираше на Фејсбук:

„Ова не е политичка функција, ова е лична одговорност кон моите соседи, кон иднината на нашите деца. Сакам Чаир да биде дом во кој достоинството ќе биде секојдневие. На Чаир му се потребни вистински, длабоки и човечки промени. Како што пораснав јас во Чаир, сакам тука да растат и Мал, и Елиза, и малиот Луан и нивните другарчиња“.

Има голема веројатност на ваквиот предизвик со тешка артилерија од страна на ДУИ слично ќе одговори и коалицијата „Вреди“. Вицепремиерот Изет Меџити вечерва во разговор за Канал 5 изјави дека не се исклучува можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Чаир по сите тешки обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска, дека Ганиу правел голем криминал со фалсификување документи за легализирање на дивоградби.

Во разговорот Меџити рече дека „очекуваме резултати од анкети од професионални агенции и тие ќе ни дадат ориентација кој каде ќе биде, но не го исклучувам и тоа како опција“.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top