Македонија

ДУИ тврди дека „државниот фестивал ‘Охридско лето’ без застапеност на албанската култура“ бил „доказ за систематско исклучување на Албанците во земјата“?!

„Оваа година, државната манифестација ‘Охридско лето’, финансирана од јавните институции на земјата, се одржува без никаква застапеност на албанската култура во официјалната програма. Во земјата, каде што Албанците сочинуваат значаен дел од населението и културниот живот, целосното исклучување на кој било албански елемент од овој национален фестивал е неприфатливо и вознемирувачко.“ – тврди Демократската унија […]

„Оваа година, државната манифестација ‘Охридско лето’, финансирана од јавните институции на земјата, се одржува без никаква застапеност на албанската култура во официјалната програма. Во земјата, каде што Албанците сочинуваат значаен дел од населението и културниот живот, целосното исклучување на кој било албански елемент од овој национален фестивал е неприфатливо и вознемирувачко.“ – тврди Демократската унија за интеграција во своето соопштение, во кое „низ етнички очи“ гледа на оваа меѓународна манифестација, што ќе опфати во своето годинашно 65-то издание 29 музички настани, со учество на повеќе од 300 уметници од САД, Европа и Кина, одразувајќи го така универзалниот карактер на културата, која не може да биде третирана во какви било тесни „етнички рамки“. Соопштението на ДУИ го пренесува весникот на албански јазик „Коха“.

Според ДУИ, „официјалната програма на ‘Охридско лето’ вклучува концерти, театарски претстави и специјални вечери посветени на европските култури, но ниеден музички, театарски настан, или изложба не го претставува богатото албанско културно наследство“. „Оваа културна тишина е само по себе порака на исклучување и доказ дека пристапот кон албанската култура во државните институции не е пристап на претставување, туку на маргинализирање. Иронично, фестивалот беше отворен во присуство на претседателот на Албанија Бајрам Бегај, но дури и тоа не беше доволно организаторите да размислат за вклучување на албанскиот јазик и култура во програмата. Не само што нема претставување на албански уметници, туку целосно недостасува каква било точка, што би ги одразувала идентитетот, традицијата или современото албанско творештво во С.Македонија.“ – смета партијата на Али Ахмети.

ДУИ натаму наведува: „Албанската култура е и треба да биде природен дел од секој културен настан на национално ниво. Нејзиното отсуство во таква манифестација не е организациско прашање, туку показател за политика на исклучување, што се вкоренува во институционалниот систем на културата. Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост за овој пристап на исклучување и ги повикува одговорните институции да дадат објаснувања за ова целосно изоставување. Владата, Министерството за култура и раководителите на фестивалот мора да сносат одговорност за недостатокот на претставување на една од главните заедници на оваа земја, не само во јазикот, туку и во духот, во уметноста и во идентитетот. ДУИ ќе продолжи да ја штити културната разновидност и, во рамките на неа, достојната застапеност на албанската култура на сите институционални рамништа, со убедување дека културата не е исклучувачка, туку столб на сопостоењето и општествениот развој.“

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат казни за прекршителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

МВР со детали: Како е откриено местото каде судијата Ристов криел 350.000 евра?!

На 18.01.2026, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во координација со предметен јавен обвинител извршен е претрес во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов во Неготино. На првиот кат, во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на ѕидна керамичка плочка, забележана е дупка, во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер, спакувани во поединечни 13 пакувања, во кои пронајдени се вкупно 610 банкноти од по 500 евра и 225 банкноти од по 200 евра, или вкупно 350.000 евра.

To top