Регион

Во Хрватска за секоја дивоградба ќе се оди в затвор

Нелегалните градители не би можеле да се кандидираат за никаква јавна функција или да бидат назначени. Тие и нивните компании нема да можат да учествуваат на тендери и со тоа да имаат пристап до јавни пари.

Се менуваат законите за градење и за просторно планирање кои треба да ја олеснат изградбата, но многу позначајно е тоа што се планира  нелегалното градење да стане кривично дело. Хрватска влегува во една од најобемните промени во својата законска рамка во градежништвото и просторното планирање во последната деценија. За тоа се планирани измени на Кривичниот законик, кои, според хрватските медиуми ќе се случат следната година.

Досега  само нелегалната градба во заштитени природни подрачја беше кривично дело, казниво со 6 месеци до две години затвор. Сите други беа сведени на прекршоци и парични казни. Министерството за просторно планирање и градежништво, како и Министерството за правда, потврдија дека секоја дивоградба ќе биде кривично дело.

– Ова е веќе договорено како дел од усвојувањето на европската директива за заштита на животната средина, која ќе се имплементира во Кривичниот законик следната година. Не би зборувал за пропишаните казни засега, но важно е сите дивоградби да бидат вклучени во Кривичниот законик и да добијат обвинение – вели  соговорник на хрватскиот медиум 24sata.

Треба да се претпостави дека заради превенција, ќе бидат предложени затворски казни бидејќи казните досега не го спречиле нелегалното градење. Директивата е исклучително строга. Таа, исто така, предвидува формирање на посебни оддели кои би се занимавале со кривични дела против животната средина.

Нелегалните градители не би можеле да се кандидираат за никаква јавна функција или да бидат назначени. Тие и нивните компании нема да можат да учествуваат на тендери и со тоа да имаат пристап до јавни пари.

Измените на Законот за градење предвидуваат со која се поедноставува, дигитализира и забрзува издавањето градежни дозволи е во јавна консултација, но во исто време се предвидува дека пред да се издаде дозволата, службените лица мора да излезат на терен. Во случај некој да започнал да гради пред да добие дозвола, казните се 4.000 евра за помали згради, 15.000 евра за станбени згради и еден процент од вредноста на работите за други згради. Треба да се усвои до крајот на годината.

Најнови вести од: Регион

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

Можеби нема да учествуваме на претседателските избори, рече Вучиќ по поразот на изборите

Српската напредна партија беше создадена со одвојување од Српската радикална партија, осудениот на хашкиот суд Воислав Шешељ, и дојде на власт во 2012 година. Вучиќ беше премиер на Србија од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, по што беше избран за претседател во два мандата.

To top