Македонија

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Бран од 11 пријави за семејно насилство ја крена полицијата на нозе во повеќе градови низ државата. Вкупно 11 случаи биле пријавени во еден ден, а четири лица биле лишени од слобода. Двајца биле повикани на службен разговор, додека за останатите се преземаат мерки.

Ноќта во Демир Капија почнала со драматична интервенција. Околу 02:00 часот, полицајци од ОВР Неготино привеле 39-годишен жител на градот. Претходно бил пријавен дека во семејниот дом му се заканувал на својот 57-годишен татко и кршел предмети.

При интервенцијата било утврдено дека бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта. Неколку часа претходно, во Куманово, полицијата го лишила од слобода А.Д.(44).

Според пријавата, тој подолг временски период физички и псих ички ја малтретирал својата 46-годишна сопруга.

Полицијата интервенирала и во Гостивар. Во 11:30 часот бил приведен Р.Џ.(43) од едно гостиварско село. Според пријавата, во семејниот дом физички ја нападнал својата 44-годишна сестра.

Во Скопје, полицајци од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода А.Р.(29).Неговата 27-годишна сопруга пријавила дека на подрачјето на Чаир физички ја нападнал.

Во друг случај, во Кавадарци, полицијата разговарала со 38-годишен маж.Тој бил пријавен дека преку социјална мрежа испраќал закани и навреди кон својата 34-годишна сопруга, со која бил во бракоразводна постапка.

Сличен разговор бил извршен и со Н.С.(47) од Скопје. Неговата сопруга, со која подолго време биле разделени, пријавила дека ја следел, ја вознемирувал и ја снимал со мобилен телефон.

Во Тетово бил пријавен и случај во кој 31-годишен маж тврдел дека бил нападнат во своето возило. Според неговата пријава, нападот го извршила неговата 35-годишна невенчана сопруга.

Во Гостивар биле пријавени и два роднински конфликта.75-годишен жител на градот пријавил дека пред семејниот дом бил физички нападнат од роднина. 65-годишен гостиварец, пак, пријавил дека во дворот од домот бил нападнат од друг роднина по претходно недоразбирање.

Во Скопје, 29-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од својот сопруг Б.Р.(34).

Уште една пријава била поднесена истата вечер. Ѓ.Р.(29) од Скопје пријавил дека во селото Љубанци негов роднина му упатувал закани.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top