Македонија

Дури 477.000 луѓе работат на црно, а имаат бесплатно здравствено осигурување

Луѓето немаат регистрирани приходи во земјата и се квалификуваат за бесплатна здравствена заштита. Поради тоа Фондот трпи штети и по основ на приходи за здравствено осигурување и по основ на повеќе исплатени капитации зашто бројот на осигуреници е основ за плаќање на матичните лекари.

На иницијатива на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, со одлука на Владата на Македонија, започнат е процес на преоценување на критериумите за здравствено осигурување. Македонија има еден од највклучувачките закони кои обезбедуваат основ за здравствено осигурување за секој еден граѓанин, затоа што целта е универзално здравствено осигурување за сите, соопшти директорот на Фондот Сашо Клековски.

Во моментов во Фондот има 1.845.007 осигуреници.

Целта на преоценувањето е да се намали ризикот од злоупотреба и посебен фокус е основот за осигурување за „лица со пониски и повисоки примања, а не се вработени (невработени лица)“. По тој основ се осигурани околу 477.000 лица.

Целта за овој основ е да се опфатат не само активните баратели на работа, туку и лицата кои не се формално вработени. Ризикот од злоупотреба се лица кои неформално работат во сива економија и лица кои живеат или приходите им се во странство. И едните и другите немаат регистрирани приходи во земјата и се квалификуваат за бесплатна здравствена заштита.

Поради тоа Фондот трпи штети и по основ на приходи за здравствено осигурување и по основ на повеќе исплатени капитации зашто бројот на осигуреници е основ за плаќање на матичните лекари.

Основниот проблем е сивата економија и затоа процесот го води работна група која покрај Фондот го вклучува Министерството за здравство, Министерството за финансии и Управа за јавни приходи, а по потреба се консултира Министерството за внатрешни работи, додава Клековски.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

To top