Македонија

Двегодишно дете погодено со куршум во главата, состојбата му е критична, бурно ja поминалo ноќта на хируршките клиники

Детето е во животозагрозувачка состојба. Засега лекарите немаат информации за околностите, во кои е застрелано детето и упатуваат тие информации медиумите да ги побараат од полицијата.

Двегодишно дете со непознати лични податоци изминатата ноќ е примено на Клиниката за интензивна нега со тешка прострелна повреда на главата од огнено оружје, информираше денеска д-р Игор Мерџановски, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Бурна новогодишна ноќ имале и хирургиските клиники, во кои биле згрижени голем број пациенти со различни повреди.

Во текот на ноќта се примени пациенти кои се повредени во 3 сообраќајни несреќи. Повеќе пациенти со лесни телесни повреди се прегледани и пуштени на домашно лекување, а 17-годишна девојка од Тетово е примена со тешка телесна повреда и врз неа е извршена хируршка интервенција.

Во Скопје немало тешки сообраќајни несреќи. – Регистрирани се и тројца политрауматизирани пациенти по пад од висина. Меѓу нив е и 30-годишен маж, пронајден паднат во реонот на Буњаковец, кој е во животозагрозувачка состојба. Кај него е извршена операција на ’рбетниот столб и моментално се наоѓа на Клиниката за интензивно лекување. На Неврохирургија е примен и 16-годишен пациент од Штип, исто така по пад од висина – рече д-р Мерџановски.

Во текот на ноќта се евидентирани и 8 случаи на физички напади. Шест пациенти со телесни повреди се пуштени на домашно лекување, меѓи кои и едно лице со површна повреда од нож. Регистрирана е и прострелна повреда во пределот на лактниот зглоб кај пациент од Скопје, а настанот се случил во Прилеп.

Голем број повреди се поврзани и со употреба на пиротехнички средства. Вкупно 20 пациенти биле примени, дел на Клиниката за пластична хирургија, а две деца на возраст од 12 и 13 години се згрижени на Детска хирургија, каде е планирано оперативно лекување. На Клиниката за трауматологија е примен и 69-годишен пациент со повреди на левата подлактица и дланка од пиротехника, додека 3 лица со полесни повреди ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Лекарите изјавија дека бројот на повредени за време на новогодишната ноќ е значително зголемен во споредба со претходните години.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Дали сведочењето на Али Ахмети послужило како основа за подигнување на обвинението против раководството на ОВК од страна на Специјалниот суд во Хаг?

ДУИ се обидува да извлече евтини политички поени од хашките пресуди за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими

210 „чинии љубов“ подготвени за кучињата во и околу прифатилиштето на ЈП „Лајка“

Под мотото „Збор на денот: заедница“, на 26 септември во дворот на ЈП „Лајка“ се одржа првиот настан „Чинија љубов“, кој обедини граѓани околу една заедничка цел – подготовка на готвени оброци за бездомните кучиња

Најнови вести

To top