Македонија

Еди Рама прогласи екс директор на ДУИ и имам од Македонија за ,,Персона нон грата”

Едниот бил под безбедносен сомнеж за можна поврзаност со радикали или терористички ќелии

Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „персона нон грата“ двајца Албанци од Македонија, поради сомневања дека вршеле активности спротивни на интересите на албанската држава.

Едниот е имамот Бекир Халими а вториот е политичкиот активист Валон Беља.
Беља во 2018 година беше директор на Гинекологолија Чаир како кадар на ДУИ.

Според информациите од Тирана, по предлог на Дирекцијата за борба против тероризмот, Министерството за внатрешни работи на Албанија ги ставило двајцата на листата непожелни лица.

Имамот Бекир Халими во 2016 година бил исклучен од Исламската верска заедница на Македонија по несогласувања со раководството на институцијата.

Валон Белја е познат како политички аналитичар и поранешен политички активист, кој често коментира политички случувања во регионот. Во минатото бил шеф на кабинет на министерот за здравство во Македонија.

Одлуката за нивното прогласување за „нон грата“ следувала по информации на антитерористичките служби дека тие претставуваат закана за безбедноста на земјата и граѓаните на Албанија. Наредбата на министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, била испратена до Државната полиција и граничните структури за спроведување.

Пукотници и пресметки го тресеа Чаир во 2018 година кога бешр пукано во потколеницата на економскиот директор на Клиниката за Гинекологија Ваљон Беља.

Како што пренесе тогаш неофицијално ТВ21, Беља барал средба со градоначалникот Висар Ганиу на кој му замерил за стопираната општинска плата по што следела „мобилизација“ од страна на Ганиу и тепачката наводно завршила со пукање.

Халими е поранешен член на поранешната ОНА (Ослободителна народна армија). Во јавноста е познат како исламски теолог.

И
Во 2016 година, Халими беше исклучен од Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија поради несогласувања со тогашното раководство на институцијата.

Во текот на 2008 година, тој беше под безбедносен сомнеж за можна поврзаност со радикали или терористички ќелии.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува Горно Чичево и Долно Чичево, натаму се пренасочуваат „воздушните трактори“ од Китка

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење пренасочени биле и „воздушните трактори“. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради […]

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top