Македонија

Единаесет години од антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово – откриена спомен-плоча и активности под мотото „Хероите живеат вечно“

На интернет-страницата на „Википедија“ е напишано: Во населбата „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година беше изведена полициската акција за разбивање на оружената терористичка група. Акцијата започнала рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траела речиси непрекинато 28 часа, сѐ до 10:00 часот во неделата на 10 мај. Акцијата завршила со победа на македонските специјални сили и целосно неутрализирање и елиминирање на терористичката група, од која дел ѝ се предале на македонските власти во текот на вечерта во саботата на 9 мај. Според македонското Министерство за внатрешни работи, станувало збор за една од најопасните терористички групи, а групата била закана за целиот регион и била вклучена во бројни напади, при што нејзините членови биле барани со меѓународни потерници. Околу триесетина членови на терористичката група се предале безусловно на полицијата, кои главно биле македонски државјани и еден албански државјанин. Меѓу кои биле и тројца од водачите Мухамед Красниќи, Сами Укшини и Дем Шеху. Од страна на македонските безбедносни сили загинале осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а биле повредени дури 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово. На страната на терористите на самото место биле пронајдени 14 мртви тела во униформи. Јавното обвинителство на Република Македонија покренало постапка за приведените во акцијата во Куманото веднаш по самото нивно приведување, откако МВР поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против определен број лица за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“. Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 луѓе беа осудени за делата а за четири лица е донесена ослободителна пресуда. За седуммина беше изречена казна од доживотен затвор

Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст.

Во чест на загинатите во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча. Полициските службеници кои го положија животот во антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, добија и мурал „Хероите живеат вечно“ во централното подрачје на Куманово.


Во организација на синдикалната организација на Синдикатот на полицијата на Македонија (СПМ) при СВР Куманово, денот на сеќавање ќе започне со панихида во Соборниот храм „Свети Никола“, каде ќе биде оддадена почит за загинатите припадници на полицијата. Ќе следи полагање цвеќе пред спомен – обележјето во кругот на СВР Куманово. Комеморативните активности ќе продолжат со меморијален турнир во мал фудбал под мотото „Хероите живеат вечно“, кој ќе започне во 12:30 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“. Во рамки на настанот ќе биде спроведена и хуманитарна акција за поддршка на полицискиот службеник. Активностите продолжуваат и во недела, кога во организација на Патриотско друштво ќе се одржи 11. Меморијален велосипедски круг.

Два дена Куманово живееше во страв и неизвесност кога во густо населената населба „Тоде Мендол“, попозната меѓу граѓаните како „Диво насеље“, одекнуваа престрелки со различен интензитет. Населбата беше целосно блокирана од безбедносните сили, жителите се евакуираа од своите домови, а хеликоптери постојано го надлетуваа градот. Граѓаните на Куманово и денес се сеќаваат на тие драматични денови, со порака дека ваков трагичен настан никогаш не смее да се повтори. Стравот, неизвесноста и загубите што ги донесе „Диво насеље“ оставија длабока трага кај кумановци.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top