Македонија

Екс новинар сериозен кандидат за нов министер на ВЛЕН во владата

Се чека предлогот да биде усогласен меѓу Меџити, Гаши и Ибраими

Екс новинарот и активист Африм Таналари се споменува како можен министер за екологија од редовите на ВЛЕН.

Челното место во ова министерство се испразни откако Изет Меџити стана градоначалник на Чаир.

 

Покрај името на Беким Сали, овие денови во јавноста почна да циркулира и името на Африм Таналари, како еден од можните кандидати за функцијата министер за екологија од редовите на коалицијата ВЛЕН.

 

Таналари доаѓа од огранокот на ВЛЕН во Сарај и е познат како почитувана фигура во медиумските кругови.

Тој има долгодишно искуство во новинарството, каде што со години работел во различни медиуми, обработувајќи политички, општествени и еколошки теми со професионален и аналитички пристап. Близок е и до новиот градоначалник на општина Сарај.

 

Името на Таналари сè почесто се споменува во политичките кругови, а останува да се види дали ќе биде дел од новиот владин состав.

Следниве денови се очекува ВЛЕН да донесе и официјална одлука, усогласена меѓу лидерите на оваа коалиција, Изет Меџити, Билал Касами и Зеќирија Ибраими.

Најнови вести од: Македонија

Иван Стоилковиќ до Илир Хасани: 20 години Албанци го водат министерството, ама без правична застапеност

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска остро одговори на прашањата на пратеникот Илир Хасани (Европски фронт) во врска со состојбата во Министерството за односи меѓу заедниците, кое според Стоилковиќ има 2.250 вработени, од кои скоро 97% се Албанци.

Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Пратениците на Паралментарното Собрание одлучија да го затворат пост-мониторинг дијалогот и да продолжат да ги следат случувањата во земјата преку својот механизам за редовен периодичен преглед

To top