Македонија

Експремиерот Заев ги тужи Петрушевски и Митрев за „клевета и нарушување на чест и углед“ и бара пари, кои ќе ги дава за хуманитарни цели!

Заев, експремиер и вмешан во мега аферата со рекет со Филипче за Болницата на Жан Митрев – за што Јавното обвинителство има отворено истрага, се јави преку фејсбук од Дубаи и соопшти дека поднел тужби (не тој туку адвокатот Горан Заев, Зоран не е во МК) за „клевета и нарушување на чест и углед“ против Бране Петрушевски и Жан Митрев. Тужбите се поднесени од Горан, не од Зоран до Основен суд Струмица, а вредноста на секоја од нив изнесува 500.000 денари, објави „Курир“.

Натаму „Курир“ пишува: Според наводите во поднесоците, Заев смета дека со јавни изјави и настапи му биле изнесени невистинити факти со кои, наводно, се нарушува неговата „чест и углед“. Во едниот предмет, тужбата се однесува на изјави дадени на прес-конференција, а во другиот – на телевизиско гостување, при што, според тужителот со златна виза за Дубаи, изнесените тврдења биле пренесени и од медиуми и интернет-портали.

„Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата“, пишува најверојатно од Дубаи самоуверениот Заев (никој не знае каде е ), повторно по навика од периодот кога беше премиер прејудицирајќи резултат на судски процеси, лоша навика која му останала на ликот кој зборуваше за „распупено судство“ и кој самиот тврди дека е црпнат од нива. Најверојатно лоцирана од атарот на Муртино. Филантропот од екс Муртино, сега од Дубаи (дали и можеби поради чувство на вина од зацрнувањето на десетици фамилии минатите 7 години?), најави дека евентуалниот надоместок од добиените тужби ќе бил дониран за деца без родители и лица со посебни потреби. Многу хуман човек, мора да се признае. Или, се работи за грижа на совест?

Во тужбите Зоран преку знаењето на братучедот и адвокат Горан се повикува на одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со барање за утврдување наводна одговорност и уште понаводен надомест на нематеријална штета поради повреда на угледот. Се очекува судот да одлучи по поднесените тужби во редовна постапка. Во текстот нема ниту збор околу наводите за вмешателство на семејството во мега-аферата со марихуаната во Македонија. За чудо, не го коментираше ниту враќањето на Груби, ниту стравот од неговиот исказ кој го опседна неговото СДС. Се очекуваат уште многу вакви пројави преку фејсбук, но не и во живо, во Македонија уште помалку, објави „Курир“.
П.С.
Туку, каде е Заев?
Онака, пак за другарче прашуваме… , објави „Курир“.

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

Мицкоски: Иднината на глобалниот развој на светот ќе ја дефинираат вештачката интелигенција и енергијата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти истакна дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и од енергетскиот сектор.

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top