Македонија

Елиса Спиропали денеска во Скопје

Министерот Муцунски ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во Макдонија во прва официјална посета.

Муцунски и Споропали ќе остварат средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во двете земји, билатералните односи и соработката, како и за можностите за нивно понатамошно унапредување во сите области од заемен интерес.

По тет-а-тет средбата меѓу двајцата министри и билатералната средба меѓу делегациите на двете министерства Муцунски и Спиропали ќе одржат прес-конференција за медиумите.

Спиропали, шефицата на албанската дипломатија на 22-23.12.2025 во посета на Македонија: средби со државниот врв, лидерите на Вреди и ДУИ Ахмети

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top