Македонија

ЕВН ја пушти во функција новата трафостаница „Централна“

Инфраструктурниот објект, во чија изградба се инвестирани 22 милиона евра, претставува стратешка инвестиција за стабилно електроснабдување на централното градско подрачје

По повод одбележувањето 20 години постоење на ЕВН, посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура, денеска во Скопје беше пуштена во функција новата трафостаница „Централна“. Инфраструктурниот објект, во чија изградба се инвестирани 22 милиона евра, претставува стратешка инвестиција за стабилно електроснабдување на централното градско подрачје и решавање на растечките енергетски потреби.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во своето обраќање нагласи дека овој објект е клучна алка во енергетскиот систем на главниот град.

– Со голема гордост ја отвораме трафостаницата „Централна“. Проект што не е само инфраструктурен објект, туку претставува клучна алка во стабилното електроснабдување на централното градско подрачје и стратешка инвестиција во сигурноста и стабилноста на енергетскиот систем на градот Скопје. Со својата инсталирана моќност од 120 мегавати, оваа трафостаница е поставена токму таму каде што најмногу беше потребна. Во зона со интензивен урбан развој, нови потрошувачи и мрежа која веќе го достигнуваше својот максимум – истакна Божиновска.

Постојните трафостаници во овој дел од градот, таа посочи дека се изградени пред повеќе од четири децении и одамна го надминуваат капацитетот за кој биле проектирани. Со пуштањето во употреба на овој објект, Божиновска рече се надминува тесното грло во системот и се поставува нова референтна точка за квалитет, во чија реализација биле вклучени над 30 компании.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски посочи дека реализацијата на ваков комплексен проект во центарот на градот претставува вистинско архитектонско достигнување кое наложувало огромна координација помеѓу Владата и компанијата.

– Изведувањето на овој проект во срцето на градот, би рекол е на раб на уметност, имајќи предвид дека ова што се гледа и што можеме сите да го увидиме е само еден дел, а главното е она што не се гледа, што е подземната инфраструктура, навистина беше заедничка работа на Владата и на ЕВН сето ова да изгледа како што изгледа. Во срцето на градот, сместено помеѓу дипломатски претставништва, помеѓу значајни објекти, да се изведе овој објект е навистина архитектонско достигнување и би сакал да им честитам на сите коишто беа вклучени и да им се заблагодарам на сите коишто помагаа – рече Николоски.

Потенцираше дека владината политика е насочена кон поддршка на енергетската транзиција, посочувајќи дека државата е позиционирана како лидер во регионот преку иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за интегриран и обединет регионален пристап.

Австрискиот амбасадор во земјава, Мартин Памер, изрази задоволство од досегашната соработка, апострофирајќи ја улогата на ЕВН како најзначајна австриска инвестиција која придонесува кон евроинтеграцискиот процес на македонската економија.

– Отворањето на оваа трафостаница „Централна“ е знак за успех, знак за добра соработка во Северна Македонија. Дозволете најнапред да ѝ честитам на ЕВН Македонија за 20 години успешно присуство во Северна Македонија и за одличната соработка со македонските институции, особено со министерката за енергетика Сања Божиновска и премиерот господин Христијан Мицкоски. Енергетиката е една од областите со висок потенцијал за Северна Македонија, а ЕВН е двигател на модернизацијата во овој сектор, обезбедувајќи сигурна енергија за граѓаните – подвлече Памер.

Амбасадорот најави дека австрискиот бизнис е подготвен дополнително да придонесе во државата и информираше дека кон средината на април премиерот Мицкоски ќе престојува во Виена, што, според него, ќе претставува уште еден чекор кон интензивирање на билатералната соработка на сите нивоа.

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Доктор во јавно здравство заработил 11 илјади и 400 евра за еден месец! Можна е кривична одговорност за ваквата пракса!

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција откри дека доктор вработен во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец, но притоа не сподели детали за кого станува збор и за која здравствена институција. Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски вчера од собраниската говорница зборуваше за доктори, кои со книжење дежурства и други додатоци стигнувале до баснословни 10 илјади евра месечно во јавните здравствени установи! Најновиот случај е само потврда повеќе на оваа информација од македонскииот премиер.

Скопјанецот Б.Л. (46) фатен зад волан со рекордни 4,01 промили алкохол! Удрил во две паркирани возила, а неговото му е одземено!

Ако не за светски „Гинис“, тогаш сигурно е за балкански и европски „Гинис“: МВР соопшти за скопјанецот, уапсен, оти возел со рекордни 4.01 промили алкохол во крвта! Притоа, удрил во две паркирани возила.

Мицкоски за „грчката интервенција“ околу името Македонија во говорот на Меланија Трамп: Невозможно е некој дипломатски претставник однадвор да ѝ го рецензира!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли како неосновани наводите во дел од грчките медиуми дека нивниот амбасадор во САД интервенирал во говорот на првата дама на САД, оценувајќи дека такво нешто е практично невозможно и оти претставува обид за медиумска манипулација.

Савески: Ќе се постапува за секој предмет, за кој има законска основа

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески нагласи дека никогаш нема да коментира ничија изјава, посочувајќи дека дека првото нешто, што го направил откога е на функцијата, е средба со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство. Тој најави дека планира средби и со сите јавни обвинители, односно во подрачја на вишите јавни обвинителства, кои се четири, па потоа и со основните обвинителства.

Најнови вести

To top